БиХ има најмногу зависници од коцкање во регионот

Во Босна и Херцеговина продолжува трендот на зголемување на бројот на зависници од коцкање,

Во Босна и Херцеговина продолжува трендот на зголемување на бројот на зависници од коцкање, изјави управникот на клубот за лечење на зависниците од коцка во Мостар, Марко Ромиќ кој додаде дека во Босна има најголем број обложувалници во Европа, во однос на бројот на жители.

Ромиќ изјави дека Босна по бројот на зависници предничи во регионот, а во последно време се повеќе жени бараат помош поради коцката.

„Имавме за пример една старица која сета своја пензија заработена во странство, ја потрошила на бинго и обложувалници. Таа во еден ден ја потрошила целата пензија, која изнесувала околу 1.500 марки, а кога не знаела како да се справи со проблемот, почнала да размислува на самоубиство“, рече Ромиќ.

Истакна дека често се коцкаат лица со подобра материјална состојба и меѓу нив има многу угледни граѓани, како и доктори и инженери.

Додаде дека мажите најмногу се зависни од спортско обложување, трки, апарати и рулет, а жените од бинго.

Премиерот Заев на свечениот концерт на НУ Ансамбл „Танец“ по повод 70 години од основањето

„Танец“ е жива енциклопедија на македонското традиционално творештво и на нашата фолклорна историја, рече премиерот Заев пред присутните.

Премиерот Зоран Заев, вечерва присуствуваше и имаше свое обраќање на одбележувањето на 70 години од основањето на НУ Ансамбл „Танец“.

На овој настан покрај премиерот Заев свое обраќање имаше и директорот на ансамблот Танец, Мартин Вучиќ кој ги покани сегашните и идните генерации да го одржуваат Танец каков што го создале првите генерации.

„Овој ансамбл, оваа  институција е од посебен општествен интерес и наша должност е да ја следиме светлата траекторија по која се движи цели седум децении. „Танец“ треба и мора да ја продолжи својата културна мисија на негување и презентирање на исклучително богатото и автентично фолклорно творештво во земјата и надвор од неа. Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ е цели 70 години симбол на нашата национална култура и уметност и вистински репрезент на македонското фолклорно творештво на целата земјина топка.

Седум децении „Танец“ ревносно се грижи за народните игри и песни, обичаи  и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го преточува националниот бит пред целиот свет.

„Танец“ е наш бренд. Тој ја освојува публиката каде и да настапи. Ја освојува со својата професионалност, со високиот уметнички впечаток, со органската поврзаност со раскошната убавина на нашето фолклорно наследство.

Со еден збор ансамблот “Танец” претставува жива енциклопедија на македонското традиционално творештво и на нашата фолклорна историја.

За квалитетот и уметничката вредност на овој наш репрезент говорат и сите громогласни аплаузи од публиката, сите позитивни одгласи од критиката и големиот број стручни и општествени награди, дипломи и признанија, како што се престижните награди „11 Октомври”, „Климент Охридски” и „13 Ноември”.

Никој не останува рамнодушен кога настапува „Танец“. Уште при првиот звук од зурлата, уште на првиот удар на тапанот и при првиот чекор на ороводецот, ни заигруваат срцата, ни затреперува телото.

Не само нам, туку и на сите нашинци во дијаспората и на сите луѓе во светот.

Затоа треба да сме им благодарни на сите генерации членови на „Танец“. Цела низа генерации успеаја да го одржат континуитетот на чување на високите вредности што цели седум децении го прават горд нашиот народ. Не прават горди сите нас поединечно, а верувам дека исто толку ќе бидат горди и нашите деца.

„Танец“ е расадник на уметноста, расадник на професионалци и едно од главните упоришта на нашата културна автентичност. Ние сме должни да го негуваме и во рамките на можностите да му ја обезбедуваме неговата сигурна иднина. Тоа е и наша должност, но и е наша чест.

Нека е честит големиот јубилеј и нека ни е вечен „Танец“!“, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето. 

Гори хемиска фабрика во Шпанија (ВИДЕО)

Во шпанскиот град Сан Роке се запали хемиска фабрика и црн чад го обви градот.

Попладнево избувна силен пожар во Сан Роке во  хемиската фабрика, од каде целиот град беше обвиен со чад. За среќа , во инцидентот нема жртви , а едно лице добило медицинска помош поради задушување со чад.

На жителите на околните населби им е кажано да ги затворат вратите и прозорците и да не излегуваат надвор , до расчистување на воздухот.

Доцна попладнево , пожарот е ставен под контрола.   

Заев: Над 200 функционери ќе бидат сменети, процесот ќе заврши на почетокот на јули

Над 200 лица ќе опфати најавената „метла" на премиерот Зоран Заев.

Покрај министрите, за кои веќе утре Собранието треба да ги разреши и да гласа за новите предлози на премиерот, ќе опфати заменици министри, директори на централно ниво, членови на управни одбори, надзорни одбори, директори на локално ниво…

Ова го најави премиерот Зоран Заев, кој оценува дека доволни се промените во министерските места во Владата и дека се продолжува со промените по вертикала, а очекува целиот процес да заврши на почетокот на јули.

– Голем дел од незадоволствоот беше концентрирано кон високи функционери кои ги нарекуваа и локални шерифи. Дел се политички функционери од СДСМ, каде се завршија големи промени, почнувајќи од најниско ниво, односно  претседатели на општинските организации, извршниот одбор, централниот извршен одбор, дел од потпретседателите се нови каде сме во финална фаза, директорските места се тие каде што допираат граѓаните и секако од министерските места и дел од заменичките министерски места, што ќе се случат во периодот што претстои. Јасно ја доловив пораката од граѓаните каде тоа лежи незадоволството и секако дадов шанса на одредени министри кои имаат поголем капацитет и можат да го покажат. Верувам дека успешно го завршуваме тој процес. На самиот крај ќе ги очекуваме и  следните решенија што ќе се случат на директорски места на централно ниво, во делот на управни одбор, надзорни одбори, на подрачните единици, директорски места на локално ниво. Комплетно ќе се работи за севкупна политичка и општествена промена на повеќе од 200 луѓе, рече премиерот.

притисни ентер