„Време е за акција.... за крај на туберкулозата", 24 март Светскиот ден на туберкулозата

 Под мотото „Време е за акција.... за крај на туберкулозата" ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и Националниот координативен механизам со поддршка на Министерството за здравство же го одбележат 24 март, Светскиот ден на туберкулозата.

Во рамки на одбележувањето на денот, утре ќе се одржи тркалезна маса на која ќе се обратат и дискутираат експерти за туберкулоза и претставници од граѓанскиот сектор кои директно работат со оваа проблематика и даваат свој придонес во превенција и елиминација на туберкулозата.

Доктори од Институт за белодробни заболувања и туберкулоза ќе говорат за „Туберкулозата во Македонија, состојби и предизвици", „Одржливост на превентивната програма за туберкулоза 2019 година" како за туберкулозата на глобално ниво. /МИА

Поради авантура среде море , им се заканува смртна казна (ВИДЕО)

Американец и неговата девојка се соочуваат со смртна казна поради тоа што живееле на платформа во меѓународни води.

Чад Елвартовски и неговата девојка , Супрани Тепдет се во бегство пред тајландската морнарица , која ги обвинува за градење на морски дом , со што го нарушувале државниот суверенитет.

Нивниот дом , фиксиран на 20 метри висока платформа се наоѓа на околу 19 километри од монденското летувалиште Пукет . Американецот тврди дека куќичката е поставена на 21 километар од брегот на Тајланд и дека не ги загрозува нивните води.  Морнарицата нагласува дека двајцата не побарале никаква дозвола за градба на куќата , подигната на бертонска платформа среде море.

Доколку ги прогласат за виновни за нарушување на суверенитетот на државата , им се заканува доживотен затвор или смртна казна.

Елвартовски работел како програмски инженер за американската армија , пред да почне да вложува во виртуелната валута биткоин. Потоа заедно со девојката од Тајланд почнале да градат куќа среде море и станале дел од групата Ocean Builders, кои градат куќи во морињата со цел да станат автономни од секоја власт.

Спорната платформа била изградена во февруари , но властите ја откриле дури оваа недела.

Ваквите градби , односно мини заедници се расфрлани низ сите мориња , и тоа во меѓународните води , каде станарите прогласуваат автономија. Најпозната е платформата Силенд , изградена од 1967 година во Северното море.

Мајката на најславните манекенки ги изгладнувала од малечки (ВИДЕО)

Пред да станат најпознати манекенки на светот Џиџи и Бела Хадид , биле под режим на мајка им Јоланда.

Таа во ријалити серија , чии извадоци се емитуваат ги принудува да гладуваат манекенките, кои тогаш биле тинејџерки , а на Џиџи и забранува да игра одбојка за да не добие непотребни мускули. Јоланда и самата била славна манекенка пред да се реши да му се посвети на семејството, а кон ќерките од секогаш била брутално искрена во опишувањето на модниот свет.

Џиџи Хадид чекала кога ќе и биде роденден , зашто само тогаш бил ден без диета и со сестра и Бела можеле да јадат од роденденската торта.

,,Може една вечер да ја измамите диетата, но потоа мораш да се вратиш на ниормнална исхрана. Знаеш. Париз и Милано сакаат слаби девојки.” , им вели Јоланда на своите ќерки.

Видеото со лекциите на строгата мајка кон ќерките е прегледано над три и пол милиони парти. Голем број се со критики кон мајката , која поради својата амбиција , ги измачува ќерките.

Џиџи и Бела сега се меѓу топ десетте манекенки , а нивниот 19 годишен брат Анвар исто така е во модната индустрија.  

Годзила има над 1000 Кс и лесно стигнува до 380 км/час (ВИДЕО)

На патеката Johnny Bohmer Proving Grounds, долга нешто повеќе од четири километри се докажа спортската изведба на Nissan GT-R.

Новиот спортски болид на Нисан ги покажа своите перформанси на патеката , на која се испробуваат најсилните болиди.

Nissan GT-R има над 1 100 коњски сили и погон на сите тркала . По забрзувањето на првата четврт милја, болидот продолжи со силното забрзување , а без проблем стигна до 380 км/час.

притисни ентер