Тортиља со чиа семе

Рецепт на: Цеце Несторовска

Потребни состојки: 1 тортиља со чиа семе, 2-3 лажици тартар сос, 1 лист марула, 1-2 црвени пиперки, 50-100 гр. шампињони, 50-100 гр. маслинки, 50-100 гр.црвено гравче, 50-100 гр. пченка, малку чили сос и малку маслиново масло.

Постапка:

Тортиљите се потпечуваат на плотна неколку минути.

Во тава со малку маслиново масло се пропржува црвена пиперка и црвено гравче со сос од чили.

Тортиљата се премачкува со 2-3 лажици тартар сос и одозгора се става еден лист марула.

Потоа се додава пропржената црвена пиперка со црвеното гравче со сос од чили.

Се додава сварена пченка, динстани сечкани шампињони и сечкани маслинки.

На крај се додава малку чили сос и тортиљата се превиткува.

До крајот на денов локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи

До крајот на денов и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. 

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде 25 степени.

Под влијание на серија на влажни бранови, до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

- Утре наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период, соопштуваат од УХМР.

Убиена жена во Пеќ, втор случај на фемицид во Косово за пет дена

Женско лице е убиено утрово во градот Пеќ во Косово, а осомничен за злосторот е нејзиниот сопруг, кој, како што јавија медиумите, ѝ се предал на полицијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Случајот за медиумите го потврди портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ, Шкодран Никчи, кој информира дека убиството се случило со огнено оружје. Осомничениот е уапсен, а на местото на настанот пристигнале соодветни екипи.

- Во Пеќ се случи убиство, при што се сомнева дека сопругот ѝ го одзел животот на сопругата во стан во центарот на градот. Во моментов на местото на настанот се главниот обвинител, обвинител и сите релевантни екипи. Осомничениот е уапсен, изјави Никчи.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил денеска во 8 часот и 15 минути.

- Денеска околу 08:15 часот полицијата е известена дека на улицата „Бил Клинтон“ во Пеќ се случил инцидент, полицијата веднаш излегла на местото на настанот, како и лекарска екипа, која констатирала смрт кај жртвата (женска ), осомничениот во овој случај е уапсен и се наоѓа во просториите на Полициската станица во Пеќ“, се наведува во соопштението на портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Дритон Ругова.

Според медиумите, се работи за брачна двојка на околу 45-годишна возраст кои заеднички имаат три деца. Мотивите за убиството се уште не се познати.

Ова е втор случај на фемицид за неколку дена на Косово.

Во петокот (12 април) 21-годишна жена беше застрелана во Урошевац во Центарот за социјална работа од страна на поранешниот сопруг. Притоа беше ранет и 15-годишниот брат на жртвата.

Медиумите известуваат дека и двајцата сторители на убиствата веќе биле пријавувани во неколку наврати за семејно насилство.

Вчера во Приштина се одрза протест на невладини организации со барање до институциите да преземат мерки за заштита на девојките и жените.

Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“

Компанијата „Блек шарк“ (Black Shark) го објави својот нов технолошки производ - „паметен прстен“ наречен „Блек шарк ринг“.

Инаку „Блек шарк“ како гејмерска подружница на „Шјаоми“, е во завршна фаза на развојот на новиот паметен уред којшто го најави со објавување неколку видеа на својот Веибо-профил. „Блек шарк ринг“ е претставен во сребрена, црна и црвена боја, а неговата дебелина е 2,2 мм. Тенка црна линија минува низ средишниот дел на прстенот и, во еден дел се проширува.

Според првичните податоци, прстенот има „Смарт тач“ технологија, а ќе може да ги следи здравствените параметри на корисникот - отчукувањата на срцето, заситеноста на крвта со кислород, или температурата на човековото тело.

Кога почнува продажбата и колку ќе чини прстенот - сѐ уште не се знае. Колку долго ќе трае батеријата на прстенот - не е познато, но неофицијалните податоци говорат дека неговото куќиште би обезбедувало работа до 180 дена.

притисни ентер