Вучиќ: Опозицијата да се изјасни дали е за избори или сакаат да ме убијат

 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска од Нови Сад порача дека властите повеќе нема да дозволат насилство на протестите.

 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска од Нови Сад порача дека властите повеќе нема да дозволат насилство на протестите, како она од минатата сабота, додавајќи да доколку сепак дојде до насилство тоа ќе трае „толку кратко, што секој добро ќе ја разбере пораката на државата“.

„Она што се случи беше затоа што мислевме дека имаме работа со лидери кои се нормални и рационални, но кога ќе видите дека имате работа со двајца тајкуни, кои брзаат да ги обноват своите финансии со грабеж на државниот имот и со еден фашист, направивме погрешна проценка. Сега повеќе не сметам на разумот на фашистот (Бошко) Обрадовиќ и тајкуните (Драган) Ѓилас и (Вук) Јеремиќ и ќе ги преземеме сите мерки, а граѓаните немаат причина да се плашат повеќе од насилство, кое нема да биде дозволено“, изјави Вучиќ при обиколката на изградбата на новата зграда на Радио-телевизија Војводина во Нови Сад.

Тој изјави дека се запрашал кое е значењето на протестот пред Претседателската палата минатата недела, кога таа беше опколена од демонстрантите, додавајќи дека „во прашање е само една работа, а тоа е – да го убијат“.

– Има само една работа што може да ја направат за да дојдат до власт, а тоа е да ме убијат. Еве кажете ми кој е другиот начин да ме убиете: под еден е убиство и под два се избори. Би било нормално тоа да се избори, но тие знаат дека луѓето не ги сакаат. Што им останува како втора опција? Немојте да го лажете народот дека тоа ви се собирите, им порача Вучиќ на организаторите на протестите.

Вучиќ додаде и дека уапсените студенти се политички активисти и дека многу помалку луѓе се собираат на протестите од она што го тврди опозицијата, посочувајќи дека на вчерашниот собир во Нови Сад имало 692 демонстранти.

Во врска со реакциите во регионот на пресудата на Радован Караџиќ, кои се однесуваат на Република Српска, Вучиќ им порача на оние кои замислуваат дека пресудата би можела да значи укинување на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, дека тој е „дејтонска и уставна категорија“.

Трамп: Оставката на Моралес е значаен момент за демократијата

Претседателот на САД Доналд Трамп рекол дека оставката на претседателот на Боливија Ева Моралес е значаен момент за демократијата во западната хемисфера.

„За еден чекор сме поблиску до целосна демократска, напредна и слободна западна хемисфера“, рекол претседателот на САД.

Трамп рекол дека САД им аплаудира на народот во Боливија затоа што се избориле за слобода и на војската која ја почитува заклетвата дека ќе го штити Уставот на својата земја.

Тој рекол дека Боливија пратила силен сигнал на Венецуела и Никарагва дека демократијата и желбата на народот секогаш преовладуваат.

Моралес вчера поднесе оставка откако војската го повика да го направи тоа по повеќенеделните протести предизвикани од спорните изборни резултати.

Макрон го пречека Претседателот Пендаровски

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски беше пречекан во Париз од страна на Францускиот претседател Емануел Макрон.

Претседателот Пендаровски на Фејсбук објави фотографии од ракувањето со Марон.

„Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици“, напиша Пендаровски во објавата.

Инаку официјалната средба на Макрон и Пендаровски е закажана за утре.

Димкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги понижи земјоделците

СДСМ се грижи, само минатата година 424 млади земјоделци користат грант од 10.000 евра

Откако СДСМ ја презеде одговорноста се соочи со громорозна слика во земјоделието. ВМРО-ДПМНЕ на принципот во четири и очи и прв дојден-прв услужен ги делеше неправедно субвенциите и доделуваше неповратни грантови. Наместо кај вистинските земјоделци, ги понижи земјоделците. Со СДСМ има неселективност и секој земјоделец има фер и еднаква шанса - рече членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостапнство и шумарство, Димкоски, на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат" во Свети Николе.

Димкоски потенцираше дека само минатата година 424 млади земјоделци користат грантови од 10.000 евра и дека веќе во Собранието е поднесен предлог за зголемување на субвенцијата на млад земјоделец од 10.000 евра на 20.0000 евра.

притисни ентер