Расте бројот на заболени од морбили, измината недела – 104 заболени

Во текот на изминатата недела имаме пораст на бројот на заболени од мали сипаници (Морбили) и се регистрирани најголем број, односно 104 заболени. 

Од нив најголем број (74) се од Скопје, а останатите 30 се од другите градови. Епидемијата на мали сипаници е во ек. Единствена заштита од заболување или од тешки форми на прележување на грипот е вакцинацијата, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Посочи дека бројот на градови кои пријавиле број на заболени расте и очекуваат дека во наредните недели нема да има брзо смирување на состојбата со епидемија на мали сипаници.

Од околу 16.000 деца во школска и предшколска возраст во Скопје, нагласи, околу 11.100 се вакцинирани, а на територијата на државата, од околу 25.000 невакцинирани деца досега се вакцинирани околу 6.500.

– Грипот е заболување од кое се умира. Ако не можеме да делуваме на антигенските и генетски промени на вирусот на грип и на неговата вирулетност и моќта да предизвика заболување може да делуваме на друг начин, да се заштитиме себеси и нашата непосредна околина. Државата мисли на тоа. Оваа година беа набавени вакцини кои се даваа на бесплатна база и вакцини кои можеа да се купат. Бројот на вакцинирани за жал е нешто повисока од минатите години, но сепак е мала. Апелирам посериозно да се сфати оваа болест. Можеме да делуваме таму каде можеме, луѓето да примат вакцина кога можат и кога треба да примат и на тој начин ќе се заштитат себеси, ќе ги заштитат своите најблиски, хронично болните, повозрасните лица и децата, рече д-р Кузмановска.

Потенцира дека вирусот на грип е многу подложен на промени и во текот на една сезона многу често знае да прави рекомбинации и да го менува не само подтипот, како нешто на повисоко ниво, туку и дел од помалите составни честички на вирусот.

– Токму заради тоа вакцината понекогаш е поефективна, а некогаш е помалку ефективна. Во вакцината се содржи сојот кој во текот на минатата сезона предизвикувал најголем број заболувања, а тие мутации се многу чести кај грипот. Оваа година поради тие мали промени добивме еден поагресивен тип H1N1 подтип на вирус, што предизвикува смртни завршетоци и тоа не само кај популацијата на возраст над 65 години. Во текот на сезоната од пета до осма недела имаше голем број починати на возраст до 65 години, додаде д-р Кузмановска. /МИА

Под камен пронашле грне со злато, по што почнале критики дека лажат- ги издала змија (ВИДЕО)

Корисникот на Инстаграм @felezyabie неодамна објави интересно видео кое предизвика големо внимание, и ги подели мислењата на корисниците.

На профилот стои дека сакал археологија, а нуди совети за купување детектор за метал и „толкување на антички симболи“.

Во споменатото видео гледаме група луѓе кои со голема мака ја поместуваат карпата од земја, користејќи трактор и синџири, а потоа почнуваат да копаат.

Потоа вадат старо грне, во кое што ги чека големо изненадување, пренесува Times Now News.

Садот е полн со злато, а на врвот ги чекала жива змија!

По првичниот страв, луѓето го превртеле грнето, а внатре имало куп монети и други вредни предмети. Навистина, сè изгледало како неверојатно откритие додека не се појавил еден „ситен“ детал.

Имено, многу корисници се посомневале дека видеото е монтирано, односно лажно. Најмногу им пречело тоа што во закопаното грне имало жив рептил.

И додека коментарите се нижат, сопственикот на профилот проговори и објасни:

„Почитувани пријатели, ова видео има за цел да ја запознае јавноста со процесот на истражувачот. Никој не рече дека е реално, зошто сите навреди и пцовки“.

Европски фронт: ВМРО формира сојуз со проруски и антиалбански партии

ВМРО и Мицкоски официјално прогласуваат коалиција и со партијата Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски, две партии тесно поврзани со Москва и разни проруски кругови, а познати по своите антиалбански позиции.

Мицкоски на митинг во Охрид побара македонско национално единство, без други етникуми во државата, за, како што рече, да се тргне државата од рацете на Албанците.

Европскиот фронт го потсетува Мицкоски дека Северна Македонија од поодамна го изоде патот на рамноправност, демократија и членство во големото европско семејство.

ДУИ и Европскиот фронт, како мултиетнички фронт во Северна Македонија, нема да дозволат земјата да се врати во меѓународна изолација, а тоа ќе биде запечатено на 24 април и 8 мај, кога за претседател ќе биде избран д-р Бујар Османи, а Европскиот фронт ќе биде клучот за формирање на идната Влада.

Истовремено, ја повикуваме албанската опозиција да се освести и да се престрои со про-европејците и да не стане орудие на руските кругови во земјава, се наведува во соопштението.

Фон дер Лајен: Русија хибридно ја напаѓа Финска преку испраќање мигранти на границите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја, која цврсто ја поддржува Украина и која влезе во НАТО пред една година.

Финска ја затвори границата во средината на декември 2023 година по приливот од 1.000 илегални мигранти од руска територија од средината на август. Двете земји имаат заедничка граница долга 1.340 километри, а Хелсинки ја обвинува Москва дека систематски испраќа мигранти во Финска. Русија ги отфрла обвинувањата.

„Од хибридниот напад на Белорусија во ноември 2021 година врз Литванија, Полска и Латвија, сите знаеме дека Путин и неговите сојузници ги инструментализираат мигрантите за да ја тестираат нашата одбрана и да нѐ дестабилизираат“, рече шефицата на Европската комисија.

„Сега Путин се фокусираше на Финска“, додаде таа.

Претседателката на ЕК се сретна со финскиот премиер Петри Орпа во градот Лапеенранта во југоисточниот дел на земјата, на околу 30 километри од руската граница и разговараа што „ЕУ и Финска можат да направат за да ја спречат инструментализацијата на финската граница.“

Во април Финска одлучи граничните премини да останат затворени. Односите меѓу Хелсинки и Москва се влошија по руската инвазија на Украина. По приемот на Финска во НАТО, Москва најави „контрамерки“.

Финска исто така подготвува закон за спротивставување на пристигнувањето на мигрантите.

притисни ентер