Брнабиќ: Свесни сме за нашите грешки, но нападите на НАТО е грешка на други

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија е свесна за грешките што ги направила во минатото, но дека нападите на НАТО врз поранешна СР Југославија во 1999 година е грешка на другите, а не на српските граѓани.

На конференција во Белград, насловена „НАТО агресијата врз СР Југославија: 20 години подоцна”, Брнабиќ изјави дека Србија не смее да ги заборави жртвите од ова бомбардирање, уништените фабрики, мостови и уништената економија, но оцени дека ќе мора да се обиде да прости, бидејќи тоа е единствениот пат за да ги оствари своите големи потенцијали и да се сврти кон иднината, партнерството и соработката.

– На Србија никој не треба да и укажува на грешките. Свесни сме дека грешевме, но бомбардирањето во 1999 година беше вина на други, а не на граѓаните на Србија, кои на крајот на 20 век беа жртви на оние со кои се боревме за слобода и правда во две војни. Поради иднината, би било добро и тие да бидат свесни за тие грешки , рече Брнабиќ.

Брнабиќ изјави дека во изминатите 20 години Србија се обидувала да добие одговор на прашањето како една мала земја станала толку голем противник на најмоќните сили, но и кои се причините за преседанот една суверена држава да биде нападната без одлука на Советот за безбедност на ОН.

Оценувајќи дека Србија „ќе остане верна на традицијата и историјата” и дека „никогаш нема да ги заборави” пријателите кои стоеја со неа во најтешките времиња, при што посебна благодарност им искажа на Русија и Кина, Брнабиќ рече дека Белград ќе развива партнерски односи со оние кои учествуваа во бомбардирањето во 1999 година и ќе гради мостови „со оние со кои ни денес не се разбира“, верувајќи дека ова е единствениот начин за просперитет.

Србија в недела во Ниш ќе го одбележи „Денот на сеќавање на настраданите во НАТО агресијата“, на која е најавено обраќањето насрпскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и останати претставници на државниот врв.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер