Тридневна конференција за компјутерска графика, анимација и 3Д

 Конференција за компјутерска графика, анимација и 3Д ќе се одржи од денеска до 24 март во Младинскиот културен центар (МКЦ), а организатор е М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн, информираат од Академијата.

„M3Conference" е тридневна конференција што има за цел да ги соедини дел од глобалните лидери во технологијата, иновациите и бизнисот. Најголемите влијателни личности од светот на компјутерската графика, вклучувајќи ги 3Д областа, анимацијата, филмската продукција, производството на игри, виртуелната реалност, доаѓајќи од врвни компании и студија, ќе ги споделат своите искуства на темите за кои важат за експерти на интернационално ниво. Воедно, ќе ги советуваат учесниците за компјутерската анимација, моделирањето, гејминг-индустријата и филмската индустрија, како и останатите сродни области.

Со оваа конференција секој почетник или професионалец кој е ориентиран кон ова поле ќе ги подобри своите вештини за тимска работа, нивната продуктивност и ефективност во работата ќе бидат зголемени, а тоа ќе биде постигнато токму преку лекциите на врвните светски лидери, кои ќе ги споделат нивните искуства од работата на едни од најпознатите видео игри и филмови.

Дел од спикерите на конференцијата се: Ерик Смит, директор на фотографија на Pixar Animation Studios, Горан Кочов, водечки Layout Artist во Lucas Films, Еди Бенун, Art Director на Assassin’s Creed Origins во Ubisoft, Џ. К. Корнвел, директор за обука и развој на уметници во DreamWorks Animations, Joshua Beveridge, супервизор за анимација на Sony Pictures – ImageWorks , Михајло Димитриевски – Тхе Мичо – еден од најпознатите илустратори и стрип-цртачи во Македонија и пошироко, Hugo Guerra Director & VFX Supervisor со многубројни светски проекти во своето резиме, Никола Дамјанов – Lead Game Artist (Substance Designer) во Nordeus и Ран Манолов – карактер уметник / VFX супервизор во WWFX – Creature/character артист, се наведува во соопштението од М3ДС Академијата.

Видео: Погледнете како изгледа островот за богати и славни во Мајами

Островот на милионерите е приватен остров на кој живеат само 42 луѓе а има 34 куќи.

Се работи за Индијан Крик Вилиџ во заливот Вискејн во Мајами а некои од неговите жители се супермоделот Адријана Лима, пеаќот Хулио Иглесиас и инвеститорот Карл Ајкан.

Островот е обезбедуван од приватна полиција а секоја куќа е сместена во првиот ред до морето за сите да можат да уживаат во погледот.

Центарот има и игралиште за голф а куќите од овој комплекс ретко се наоѓат на продажба.

Моментално се продава само една и тоа за 24 милиони долари.

Неверојатна приказна,го проголтала вереничкиот прстен додека спиела

Јена Еванс од Калифорнија завршила на операција откако во сон го проголтала сопствениот веренички прстен.

Таа сонувала дека со вереникот Боби се на вечерен воз на кој има група негативци .

Вереникот во сонот и рекол дека треба да го проголта прстенот за негативците да не го одземат. Таа го ставила прстенот во уста, го проголтала и се напила чаша вода. Во теј момент се пробудила, сфатила дека се работи за сон и продолжила да спие.

Кога утрото се разбудила видела дека и го нема прстенот. Тогаш таа сфатила дека не баш се било сон...

„Го разбудив мојот вереник и му реков дека сум го проголтала прстенот. Мислам дека не ми поверува веднаш. Долго време се смеевме а потоа и се јавивме на мојата мајка а тогаш уште посилно се смеевме“ раскажува Јена на својот Фејсбук профил.

Таа потоа отишла во болница каде што ја снимале и откриле дека навистина има прстен во нејзиниот стомак.

Докторите ја успале Јена и со ендоскопија го извадиле прстенот кој му го дале на вереникот Боби.

Боби и го дал прстенот на Јена а таа му ветила дека никогаш повеќе нема да го загуби.

„Абарт 595 Писта“ е златна средина

Новиот модел е замислен како опција помеѓу стандардниот „595“ и поскапата верзија „Туризмо“.

„Абарт“ ја претстави „Писта“ верзијата на моделот „595“ кој е заснован на „Фиат 500“. Произведувачот соопшти дека овој автомобил во поглед на цената е позициониран измеѓу базичната верзија на „595“ и „595 Туризмо“.

Сепак „595 Писта“ има мотор со иста јачина како и „Туризмо“. Тоа значи дека под хаубата се наоѓа 1.4 литарски турбо- бензин мотор со165 коњски сили.

Силата на предните тркала се пренесува преку автоматизиран мануелен менувач кој во суштина работи како автоматик но брзините можат да се менуваат и рачно.

Од „Абарт“ се пофалија дека овој автомобил во петта брзина забрзува од 80 до 120 км/ч за 7,8 секунди а неговата максимална брзина е 218 км/ч.

За „595 Писта“ да може безбедно да запре ставени се специјални сопирачки со дискови чиј пречник е 264 мм напред и 240 мм назад.

притисни ентер