Видео: Балканско НБА дерби, Богдановиќ заби преку Дончиќ

Кошаркарот на Сакраменто, Србинот Богдан Богдановиќ немаше милост кон својот млад пријател од екипата на Далас, Словенецот Лука Дончиќ.

Бекот на Кингси Богдановиќ со левата рака го заби баскетот во обрачот покрај Дончиќ кој се обиде да го блокира неговиот влез.

Овој потег предизвика насмевки на лицата кај двајцата добри пријатели.

Инаку во балканското НБА дерби Богдановиќ оствари 7 поени, 3 скока и 2 асистенции, а Дончиќ заврши со 13 поени и 10 скока.

Македонските каратисти од Европското првенство во традиционално карате се вратија со 8 медали

Макадонските каратисти на Европското првенство во традиционално карате во Питешти , Романија освоија 8 медали од кои 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени.

Македонската репрезентација во традиционално карате на ЕП во Питешти, Романија имаше одличен настап освојуваќи вкупно 8 медали 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали.

Златните медали ги освоија Дејан Недев и Јадранка Недеви во кати за сениори, Мила Саздова во кого кумите, сребрени медали освоија Матеј Ангеловски во кого кумите и Мила Саздова во фукуго.

Бронзени медали освоија Ристо Сакалиев во кумите за ветерани и Антонија Белазелкоска во кати и фукуго во кадетска конкуренција. Европското Првенство го отвори Министерот за спорт и млади на Романија Богдан Матеи, а првенството  беше организирано на Универзитетот Питешти на највисоко ниво.

На ЕП учествуваа 387 натпреварувачи од 24 земји , соопшти Македонската карате федерација.

Македонија како лидер во групата оди на ЕП

Македонија со победа над Грција го заврши квалификацискиот циклус за ЕП 2020.

Вчеравечер  во Струмица, Македонија славеше победа од 27-23 (13-11) и воедно го освои првото место во групата што носи привилегиран статус во ждрепката.

Грција благодарение на трите одбрани на нивниот голман од почетокот на натпреварот по десет минути водеа 6-3 потоа 7-4. Грција имаше водство 20-тина минути од натпреварот,  Македонија беше блиску но не успеваше да израмни. Но, во 23 минута стигнавме до 9-9, во 26 минута го имавме и првото водство на натпреварот за на полувреме Македонија да има предност 13-11,

Во вториот дел имаше репрезентацијата на Македонија имаше целосна контрола и резултатска предност која на моменти изнесеуваше и пет гола.

Грција не успеа во ниту еден момент да го загрози водството на Македонија, а во финишот дури и остави простор за атракции на македонската селекција. Конечен резултат на натпреварот е 27-23 за Македонија.

Најефикасен ракометар во македонската репрезентација беше капитенот Кирил Лазаров со шест погодоци, потоа Филип Талески и Жарко Пешевски постигнаа по пет гола, додека за репрезентацијата на Грција најефикасен беше Димитриос Цирас со шест гола.

Нашите ракометари со четири победи и по еден пораз и реми ја завршија квалификациската група, Македонија ќе биде во вториот шешир на ждрепката и своите противници за ЕП 2020 година ќе ги дознае на 27 јуни.

На Нејмар му е блокиран имотот поради неплаќање данок

На ѕвездата на феранцуски ПСЖ му е блокиран имотот поради неплатен данок.

Судот во Шпанија му блокирал на Нејмар 36 недвижности , кои се водат на негово , на име на членови на неговото семејство и на неговите фирми. Со овој потег шпанските власти сакаат да се обезбедат дека Бразилецот ќе го плати данокот , особено за периодот кога од Сантос преминувал во Барселона.

Каталонскиот клуб плати речиси 40 милиони евра на компанијата која се води на име на таткото на Нејмар.

Власттие сметаат дека тие пари требало лично да му бидат префрлени на фудбалерот и на нив да плати 27,5 % данок , додека со ваквата трансакција платил само 17% , зашто парите биле уплатени во компанија , а не на физичко лице.

притисни ентер