Фрлена рачна бомба во дворот на Конзулатот на Русија во Атина

Непознати лица околу 4 часот утрово фрлиле рачна бомба во дворот на Конзулатот на Русија што се наоѓа во северниот дел на Атина.

Според последните информации на кои што се повикува грчката новинска агенција АНА-МПА, рачната бомба експлодирала и е предизвикана материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, а не е исклучена можноста зад нападот да стои некоја од грчките терористичко- анархистички организации.

ВМРО-ДПМНЕ: Инциденти на етничка основа им одговараат единствено на СДСМ за да го прикријат неуспехот

Петре Шилегов повторно заборава дека три години е СДСМ на власт и повторно не знае што зборува.

Единствената вина за меѓуетничките тензии и ситуацијата во која е доведена државата е кај СДСМ и оваа Влада. Ова е општествен проблем и го доведува во прашање однесувањето и одговорноста на институциите дали работат или воопшто не работат на превенција бидејќи најмалку три години се зборува и се пласира една флоскула „едно општество за сите“.

Корист од меѓуетнички тензии во моментов имаат само СДСМ кои крахираат на секој поглед и им доаѓа до израз неспособноста.

Ако лидерот на тепачите од Кале стана заменик - премиер со право на вето, каква ли порака испраќа СДСМ?

Ваквите инциденти на етничка основа им одговараат единствено на СДСМ за да го прикријат неуспехот, кои пак се подготвени да го сторат тоа и по цена на човечки животи.

Ова не е едностран инцидент, ниту е нов инцидент, нешто што не е забележано досега. Институциите мора да имаат предвид и да реагираат и да превенираат и да ја осудат и пошироката слика на пример од стадионите во Чаир и во Тетово каде што исто така има сериозно прекршување и сериозно испраќање на порака, говор на омраза. Уште еднаш порачуваме дека ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и не поддржува говор на омраза, но ова е пошироко општествен проблем за кој што мора да се работи на превенција, а не СДСМ да има корист од истиот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ќе се затвори ли црковното прашање со признавање на МПЦ?

Автокефалноста на МПЦ е прашање отворено околу 70 години.

Писмото од претседателот Стево Пендаровски до Вселенската патријаршија со кое се бара признавање на МПЦ не е случајно испратено во овој момент и претставува позитивен чекор во борбата за автокефалноста, оценува Бранко Ѓорѓевски, новинар и долгогодишен верски аналитичар.

Ѓорѓевски смета дека потегот на Пендаровски не може да се толкува како упад во секуларноста на државата, туку напротив, автокефалноста на МПЦ која не е признаена од другите православни цркви е многу важно прашање за чие решавање треба да помогнат и државните функционери. Според него се чини дека државниот врв сака да го реши отворениот спор со СПЦ пред да почнат преговорите со ЕУ.

- Ова писмо само се надоврзува на писмото што пред две години го испрати премиерот Зоран Заев, заедно со писмото на МПЦ кое беше упатено до Вселенската патријаршија во кое се бараше таа да ја признае нашата црковна самостојност како второстепена односно како апелациска инстанца во спорот што ние го имаме со СПЦ. Нашето барање беше тогаш земено во процедура од Вселенската патријаршија, што беше силен сигнал дека ќе биде донесена некоја позитивна одлука, бидејќи ако Вселенската патријаршија сметаше дека не треба да се меша, таа нашето барање сигурно немаше да го земе во предвид, вели Ѓорѓевски.

Во исчекување на официјален одговор од Вселенската патријаршија надежите на Ѓорѓевски се дека таа би можела позитивно да одговори на нашето барање, особено заради силниот притисок кој, според Ѓорѓевски, го има во моментов од Русија и Турција за нејзина маргинализација, а со крајна цел центарот на православието од Цариград да се премести во Москва, но и надмоќта која СПЦ сака да ја покаже кон другите православни цркви.

Автокефалноста на МПЦ е прашање отворено околу 70 години.Од Македонската православна црква претходно писмото на претседателот го оценија како добар потег за раководство на државата да го поттикне решавањето на статусот на црквата и конечно затворање на долгогодишниот спор.

Во Велес и Велешко годинава нема заболени од туберколоза

Под мотото „Време е за свет без туберкулоза" Црвен крст и  Општинска организација Велес во периодот од 14 до 21 септември 2020 година  ја одбележи Неделата на борба против туберкулоза.

Според податоците од Анти туберколозното (АТ) одделение при велешката Општа болница, оваа година нема заболени од туберколоза од Велес и Велешко, но затоа има еден заболен 44 годишен маж од Свети Николе и 46 годишен маж од Неготино, кои се лекуваат преку ова одделение, каде се вклучени и пациенти од соседните општини од Повардарието, информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на Општа болница Велес.

Под мотото „Време е за свет без туберкулоза" Црвен крст и Општинска организација Велес во периодот од 14 до 21 септември 2020 година ја одбележи Неделата на борба против туберкулоза.

Како што информира за МИА, Орце Николов секретар на ООЦК Велес, поради пандемијата на Ковид-19 годинава изостана предавањата на тема туберколоза.

Тој појасни дека затоа кампањата која завршува денеска се одвивала електронски и преку медиумите, со цел подигнување на јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикне забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.

Покрај значителниот напредок во текот на последните децении, потсетуваат од Црвениот крст, туберколозата продолжува да биде врвен заразен убиец низ целиот свет, одземајќи повеќе од 4.500 животи дневно, а околу 30.000 луѓе дневно се разболуваат од оваа болест.

Кога некое лице развива активна болест на ТБ, симптомите како (треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина) можат да бидат лесни – непрепознатливи и во тек на неколку месеци. Луѓето со активна ТБ можат да заразат 5-15 луѓе преку близок контакт во текот на една година.

Инаку во земјава минатата година имало 220 заболени од туберколоза од кои еден од Велес и тројца од Неготино се лекувале преку АТ одделението при велешката Општа Болница, информира д-р Неделковска Николова./МИА

притисни ентер