ДИК ги потврди кандидатурите на Пендаровски, Силјановска – Давкова и Река

Државната  изборна комисија ги потврди кандидатурите за претседател на државата поднесени од Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

На денешната седница ДИК ги разгледала листите за Претседател на Република Северна Македонија од кандидатите Пендаровски, Силјановска – Давкова и Река, констатирала дека се уредно поднесени и ги потврдила, со што, како што соопшти комисијата, тие се кандидати за претседател.

ДИК најави дека на тројцата кандидати за претседател на државата  ќе им подготви решенија за потврдување на поднесените листи, посакувајќи им успех.

Според најавата, утре во седиштето на ДИК ќе се одржи јавна седница на која со ждрепка ќе се утврди редоследот на единствената листа на кандидат за избор на претседател на државата.

Пендаровски е кандидат на СДСМ и коалицијата, Силјановска Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а Река на албанската опозиција. Нивните кандидатури се поднесени со поддршка од група избирачи и го имаат обезбедено потребниот минимум потписи.

Кампањата за претседателските избори, чиј прв изборен круг е закажан за 21 април, а вториот на 5 мај, почнува на 1 април.

Нелоски: СДСМ продолжува да ја задолжува државата

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека власта предводена од СДСМ ја задолжува државата, а поразително според нив е и ниското ниво на капитални инвестиции

Оптимистични прогнози за бројот на туристи кои ќе ја посетат земјава идната година

Преку алтернативен туризам, Македонија ќе го зголемува бројот на туристи, државава ќе ги прати светските трендови.

Националната асоцијација за инкаминг туризам смета дека Македонија има што да понуди во ваквиот тип на туризам, гостите кои ќе ја посетат земјава ќе бидат поблиску до мештаните, ќе можат да ја запознаат културата и да ја проживеат традицијата низ разни активности за време на нивниот престој.

Министерот за економија Бектеши е задоволен од досегашната туристичка посетеност, а за догодина се надева на уште подобри резултати.подготвуваат неколку нови законски решенија, а во финална фаза е новиот правилник за субвенционирање на странскиот туризам.

Македонскиот туризам е во континуиран раст и за идната 2020 година се очекува бројката на туристи во земјава да достигне 1,3 милиони, а бројот на ноќевања да стаса до четири милиони. Девизниот прилив да достигне околу 400 милиони долари и раст на учеството во БДП до 2,5 %.

Ќе се доуреди кејот на реката Луда Мара во Кавадарци

Ќе се доуреди кејот на реката Луда Мара во Кавадарци, од мостот „Слога" до „Силекс" зградите. 

Советот на Општината денеска донесе одлука за кофинансирање и му даде приоритет на проектот „Реконструкција на регулирано речно корито на реката Луда Мара". Тоа значи дека  кејот на реката ќе биде комплетен од почетокот кај зградите Белка, до селото Ваташа. Со тоа, целиот овој потег ќе може да се користи за рекреација, но и за да се стигне побрзо од градот до селото.

– Заедно со Центар за развој на Вардарски плански регион, што ќе ни обезбеди грант,  ќе се реализира овој проект, кој чини околу 22 милиони денари, појасни градоначалникот Митко Јанчев./МИА

притисни ентер