Утре продолжуваат состаноците на работните групи за новиот закон за ОЈО

Работните групи на СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ утре ќе продолжат со обидите за пеглање на разликите околу новиот Закон за јавно обвинителство.

Амандманите подготвени, но условени. ВМРО ДПМНЕ бара власта да ги прифати нивните барањата прецизирани преку три принципи пред да дадат поддршка и активно да учествуваат во донесувањето на законот за јавно обвинителство. За опозицијата важно е во законот да се втемелат меѓународни стандарди за обвинителство, почитување на човекови права и принцип на отчетност, независност и ефикасност.

Власта со оптимизам ја очекува новата рунда разговори во Министерството за правда. Пратеникот на ДУИ, Артан Груби вели низ конструктивна дебата можен е договор.

Граѓанските организации бараат збор во подготвката на законот. Марко Трошановски од Инстутот за демократија вели актуелното решение мора да се доработи и да се вметнат предлозите на невладиниот сектор.

Разговорите меѓу власта и опозицијата продолжуваат утре попладне во Министерството за правда.

Заврши кампањата, од полноќ изборен молк

Заврши кампњата пред првиот круг од претседтаелските избори, а од полноќ почнува изборниот молк пред гласањето во недела..

Последниот митинг Гордана Сиљановска Давкова  го одржа во Штип, а Стево Пендаровски во Охрид.. И на последните митинзи во фокусот на кандидатите беше Преспанскиот договор и Евроатланските интеграции.

На вечерашните митинзи своите последни пораки пред гласањето ги упатија и  партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Вучиќ: Се може, ултиматуми и насилство не

Пред околу 100.000 луѓе, попладнево во Белград се одржа завршниот митинг од кампањата „Иднината на Србија“, што го организираше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Порача дека е подготвен на дијалог со опозицијата, но нема да прифати ултиматуми.

Српската опозиција со протестите „1 од 5 милиони“ од јануари бара оставка од Вучиќ, а на минатонеделниот протест биле собрани околу 30.000 граѓани кои бараат слободни медиуми, дијалог и слободни избори.

На школски едреник на црногорската морнарица, најдени 50 килограми кокаин

На бродот , за кој Хрватска вели дека е нивен и останал во Црна Гора по ремонтот во 1990 , денеска се најдени 50  килограми кокаин.

На школскиот едреник ,,Јадран” , со кој плови црногорската морнарица , полицијата најде кокаин. Според оперативните сознанија , полицијата открила дека криминална група има намера да се вози со овој брод.

По извршениот претрес на бродот биле најдени над 50 килограми кокаин. Како можен виновник е еден од подофицерите на бродот , дел од екипажот, кој според црногорските медиуми, ќе биде уапсен.

притисни ентер