Антикорупциска ќе проверува судир на интереси на директорката за супервизија во НБРМ

Антикорупциската комисија најавува проверка на сомнежите за судир на интереси во случајот на директорката за супервизија во Народната банка со нејзиниот сопруг, директор во една од големите банки.

Има ли судир на интереси во случајот со директорката на супервизија во НБРСМ Милица Арнаудова Стојановска чиј сопруг Тони Стојановски е вработен како генерален директор во една од големите банки? До Антикорупциската комисија пријава била испратена уште од поодамна но не била разгледана. Сега од новиот состав на антикорупционери велат дека може да се постапи и по допрен глас.

,,Со оглед на тоа што се работи за стара пријава неизвесно е кога ќе се разгледа повторно поради големиот број пријави. Но доколу се работи за актуелен случај од интерес за јавноста Антикорупциската комисија и без повторно поднесена пријава ќе постапи по допрен глас.

Откако вчера гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска Бежовска одби да одговори на новинарско прашање за случајот, денеска оттаму велат дека Арнаудова Стојановска имала обврска да го штити интересот на Народна банка, што досега и го правела тоа.

Генералниот директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност, Милица Арнаудова-Стојановска, која на оваа функција е веќе девет години, во извршувањето на своите задачи и должности, целосно ја почитува споменатата законска обврска и има постапено согласно посочениот член од Етичкиот кодекс. Согласно тоа, таа не учествува во супервизорските активности поврзани со таа деловна банка, ниту пак на било каков начин може да влијае на одлуките кои согласно со Законот за Народната банка ги носи гувернерот.

Дел од обврските на Арнаудова Стојановска е да изврши контрола во финансиското работење на банките. Во јавноста веќе се појави документ кој покажува дека таа постапувала во случај кој се однесува на банката во која работи нејзиниот сопруг.

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Американскиоот Сенат гласа за помошта за Украина

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Американскиот Сенат денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, што се очекува речиси сигурно да биде одобрен бидејќи Претставничкиот дом даде зелено светло за помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправи.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, чија партија тесно го контролира тој дом на Конгресот, во саботата рече дека „крајот на дебатата“ за пакетот помош сега е на повидок и дека договорот е „одреден“ за гласање во вторник.

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Конечниот пакет, што предвидува 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и за Тајван заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне кај претседателот Џо Бајден за негово одобрување до крајот на неделата.

Гласањето во Сенатот треба да оди непречено, без да мора да се справува со комплицираните преговори и несогласувањата со кои се занимаваше Претставничкиот дом под контрола на републиканците. /МИА

притисни ентер