Тензично пред албанскиот парламент (видео)

Тензично е пред албанскиот Парламент во кој се одржува пленарана седница, а пред него илјадници граѓани повторно излегоа на протест организран од обединетата албанска опозиција.

Демонстрантите се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон врз кого фрлаат димни бомби и тврди предмети, извкувајќи „Рама оди си“, „Парламент на криминалци“.
 

Полицијата повика на воздржаност но веќе се пристигнати возила подготвени да го разбијат насобраниот народ со водени топови.

Конфронтација со полицијата претходно имаа и жителите од населбата „Астир“, кои повеќе од 100 дена протестираат бидејќи нивните домови треба да се урнат поради изградба на големата обиколница во Тирана.

Во Парламентот заклетва дадоа уште тројца пратеници од Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), кои ги заменуваат оние кои се откажаа од мандатите. При влегувањето во Парламентот пратеникот Ралф Ѓони од ЛСИ, беше испрскан со боја.

На протестот учествува поранешнот премиер и претседател на Албанија и почесен претседател на Демократската партја, Сали Бериша. Актуелниот лидер на ДП, Љуљзим Баша е во Брисел.

 

Швајцарија поради екстремизмот ја отежнува набавката на хемикалии

Швајцарскиот федерален совет сака да го отежни набавувањето хемикалии како што се ѓубрива, средства за чистење на базени и растворувачи што можат да ги користат екстремистите за напади.

Предлогот на седумчлениот Федерален совет ќе бара одобрение од сојузната полиција за отежнато купување на околу 100 производи што сега се продаваат во аптеките, продавниците за алати и специјализираните продавници.

Земјоделците и некои други сектори ќе бидат изземени, објави АП.

Парламентот ќе расправа напролет за овој предлог.

Советот истакна дека продажбата на производи како што се водороден пероксид или нитрат е ограничена во Европската унија од 2014 година.

Швајцарија не е членка на европскиот блок, но граничи со четири земји членки на ЕУ.

Во денешното соопштение, швајцарската влада соопшти дека е свесна за ризикот одредени хемикалии што се продаваат во Швајцарија да ги користат терористите.

Најмалку шестмина загинати во Боливија во акцијата против блокада на рафинерија (ВИДЕО)

Продолжуваат крвавите судири во Боливија меѓу војската и демонстрантите , кои ја блокираат  рафинеријата во близина на главниот град Ла Паз.

Најмалку шест лица загинаа во акцијата на безбедносни сили во Боливија, која беше покрената за да обезбеди резерви на нафта од рафинеријата  блокирана од приврзаниците на поранешниот претседател Ево Моралес.

Канцеларијата на јавниот бранител и здравствените работници објавија информации за жртвите, еден ден по насилството во градот Алто, во близина на Ла Паз.

„Само Вистина“ со Петре Шилегов и Коце Трајановски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Петре Шилегов и Коце Трајановски.

- Решавањето на проблемот со стопанисувањето со депонијата „Дрисла“ во мојот мандат беше поврзан со судски постапки а јас немам информации дека таму се одлага отровен отпад, изјави вечерва во „Само вистина“ поранешниот градоначалник на град Скопје, Коце Трајановски. Актуелниот градски татко Петре Шилегов пак призна дека постапката за избор на концесионер на депонијата е контроверзна уште од самиот нејзин почеток

- Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов тврди дека наследил милионски долгови на јавните претпријатија по преземањето на функцијата од неговиот вечерашен соговорник Коце Трајановски. Тој пак демантира и вели дека негативните финансиски извештаи на јавните претпријатија не секогаш значат и долг на претпријатијата 

- Поранешниот градоначалник на град Скопје, Коце Трајановски во вечерашното издание на „Само вистина“ тврдеше дека уште за време на неговиот мандат градот активно се борел против загадувањето и како потврда за тоа го спомена добивањето на наградата за мобилност што ја доделува Европската унија. Спротивно на ова неговиот вечерашен соговорник, градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов вели дека скопјани сега живеат со последиците од погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ во сферата на екологијата

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

притисни ентер