Шилегов: Оваа пролет ќе се засадат 1.200 дрвја во сите скопски општини

Во тек е редовното пролетно уредување на јавните зелени површини во градот. 

Денеска, на првиот ден на пролетта, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ симболично засадија 10 декоративни садници од видовите туја розенталис и ацер и 1.200 цвеќиња од видот виола - темјанушка во дворот на ОУ „Мирче Ацев“, во општината Ѓорче Петров. На акцијата за засадување дрвја присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча и голем број ученици од ова основно училиште.

Во тек е редовното пролетно уредување на јавните зелени површини во градот. Оваа пролет е предвидено да се засадат повеќе од 1.200 повеќегодишни висококвалитетни листопадни и зимзелени садници во сите скопски општини. Работиме и на обновување на средишното булеварско зеленило. Градот од оваа пролет ќе биде побогат и за неколку нови паркови чие оформување е во тек – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Деновиве се работи на уредување на новиот парк Ибни Пајко зад зградата на Филхармонијата, на обнова на зелените површини во Центар и во Карпош на булеварот Партизански одреди, на парковите на булеварот Февруарски поход и булеварот Србија во Аеродром, на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода, на улицата Втора македонска бригада во Чаир, како и на паркот во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Градоначалникот додаде дека зазеленувањето останува на врвот на приоритетите на Град Скопје и дека со враќањето на зеленилото во градот се подобрува животната средина и квалитетот на воздухот.

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција, јавува EMSC.

Земјотресот со јачина од 5,6 степени се случил на 39 километри јужно од Турхал, на длабочина од осум километри.

Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.

Почнува кампањата за парламентарните избори

Во екот на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за парламентарните избори...

Двете кампањи ќе се одвиваат паралелно во текот на следните денови... Пред Собранието и во овие вести ја имаме Јана Јосифоска.

Јана за неколку часа почнуваат митинзите на двете најголеми политички партии, партиските лидери веќе ги испратија првите пораки?

Македонката Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот во избор на Тајмс

Светлана Мојсов од Универзитетот Рокфелер е именувана на листата на „Тајм 100“ за највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит на уметници, иноватори, лидери и пионери во различни области.

Научниот вонреден професор, Мојсов беше именувана на листата за нејзините револуционерни откритија за цревниот хормон што го регулира шеќерот во крвта наречен GLP-1, кој го отвори патот за блокбастер лековите за дијабетес и дебелина Ozempic, Victoza и Wegovy. Овие таканаречени GLP-1 агонисти ја трансформираа клиничката грижа за управување со шеќерот во крвта и губење на тежината.

Мојсов почнал да го истражува дијабетесот во Универзитетот Рокфелер како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд. Во 1980-тите, таа се преселила во Општата болница во Масачусетс, каде што започнала да го истражува тогаш мистериозниот GLP-1 (пептид 1 сличен на глукагон). Таа беше првата што ја идентификуваше биолошки активната секвенца на GLP-1, скриена во неговата целосна низа од 37 амино киселини.

Во соработка со други, Мојсов продолжи да докажува дека GLP-1 предизвикува ослободување на инсулин во панкреасот, работа што доведе директно до терапевтски развој на агонисти на GLP-1. Фактот што оваа нова класа на лекови сега ја користат милиони луѓе е многу среќна, таа вели: „Тоа ме прави да се чувствувам професионално и лично исполнето“, објави Универзитетот Рокфелер во САД.

притисни ентер