Фото: Фудбалот повторно понижен во Грција

Најважната споредна работа на светот, фудбалот повторно е поразен и понижен во Грција.

Хулиганите повторно го победија спортот,посебно фудбалот.

Големото дерби на грчкиот фудбал Панатинаикос – Олимпијакос не го дочека својот крај.

Секако главните виновници за тоа се хулиганите на трибините.

Велосипедист за малку ќе пропаднеше во планинска бездна

Младиот шпански велосипедист Андони Азкарате (18) се повреди во тежок пад на аматерското првенство на Баскија.

Тој се спуштал од планината Гоцгараина меѓу местата Маркина и Мунтилибар , кога малку се поместил од патеката и удрил во заштитната ограда.Имал среќа што дресот му се закачил на оградата и спречил да падне во големата бездна. Се спасил , но се здобил со тешки повреди. Оградата му го пресекла градниот кош и левата страна на вратот , поради што изгубил многу крв.   

,,За среќа повредата беше површинска . Повредена му беше и вратната вена . Беше страшно. “ , вели Давид Екстебариа , спортски директор на екипата за која вози младиот Азкарате.

Реал има план со Мбапе

Ова лето Реал Мадрид веќе потроши 303 милиони евра за засилување на тимот.

Процесот на обвновување на тимот на Зидан , па го купија Еден хазард, Лука Јовиќ, Едер Милита , Ферланд Менди Родриго , но продолжуваат понатаму. Кралскиот клуб пшланира да го донесе и Нејмар , за кого на ПСЖ му понуди 130 милиони евра , плус Беил или Џејмс , а желба на Зидан е да го донесе и Пол Погба.

Овие желби тешко ќе му се исполнат зашто Барселона е веќе на пат да го купи Нејмар , а Јунајтед за Погба бара 170 милиони евра. Се очекува на тимот да му се приклучи и Килијан Мбапе , кој сега игра за ПСЖ.

За оваа година знаат дека тешко ќе го донесат во тимот , но затоа се подготвени за следното лето. Мбапе има договор со ПСЖ до 2023 и има плата од 12 милиони. реал планира да ја зголеми на 15 милиони годишно и Перез се надева дека ќе биде доволно .

Освен тоа Мбапе и самиот изјави дека му е сон да игра во Реал .Затоа клубот од Мадрид реши трпеливо да чека до следното лето и да понуди сума , која ПСЖ нема да може да ја одбие.

Нејмар си заминува од ПСЖ , сака во Барселона

Се погласни се шпекулациите дека бразилскиот фудбалер Нејмар ќе го напушти францускиот ПСЖ .

Пред две години Нејмар ја напушти Шпанија и премина во парискиот клуб за највисокиот трансфер во историјата вреден 222 милиони евра. За овие две години имаше големи проблеми со повредите, па сепак ПСЖ ја освои националната титула , иако не беше ни блиску до трофејот на Лигата на шампионите.

Нејмар на претседателот на ПСЖ му рекол дека  сака да се врати дома , од каде не требало ни да замине , алудирајќи на Барселона.

На тоа се надоврза и неговиот пријател , фудбалерот на Барселона, Габриел Медина , кој на Инстаграм објави фотографија на која се Нејмар и Меси со коментар ,,Не можам да дочекам.”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Saudade do que a gente já viveu!

A post shared by Futebol (@instaplaysss) on

притисни ентер