Терористот од џамиите во Њу Зеланд бил и во Словенија

Австралијанецот Брентон Тарант , осомничен за масакрот во двете џамии во Нов Зеланд , каде уби 50 верници за време ан петочната молитва , освен во Хрватска , Србија , Црна Гора и Бугарија , бил и во Словенија во 2016.

Словенечката полиција денеска соопшти дека во април 2016 Тарант бил во Словенија. Тој пристигнал со авион од Истанбул на аеродромот Брник во Љубљана. нема податоци за неговото движење низ Словенија , ниту колку време се задржал.

Полицијата појаснува дека не е познато во кои хотели или сместувалишта престојувал Тарант , зашто според законот угостителите немаат обврска такви податоци да чуваат подолго време.

Се обидувале и да утврдат други начини за да се дознае неговото движење , како што е изнајмување автомобил , но безуспешно.

ДИК : Пендаровски со мала предност пред Сиљановска

Според обработените 100 проценти од податоците Пендаровски води со помалку од илјада гласа пред Сиљановска Давкова .

Кандидатот на СДСМ и коалицијата освоил 313 033 гласа или 42,67 проценти од вкупнуиот број гласови. Тој , според податоците на Државната изборна комисија победил во Куманово , Крива Паланка , Струмица , Берово ,Делчево и Дојран , како и во Центар и Карпош. Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ освои 312 177 гласа или 42,56 проценти од гласовите. Таа освои најмногу гласови во Велес , Кавадарци , Неготино , Битола , Охрид, Ѓорче Петров , Аеродром , Штип , Пехчево , Прилеп и Гевгелија.

 Кандидатот Блерим Река освои 76 496 гласа или 10,43 проценти од гласовите. Најголема предност Река има во Желино , Липково , Теарце и Боговиње.

Според претседателот на ДИК , Оливер Деркоски изборите минале во фер и демократска атмосфера и изрази задоволство за добро извршената работа.

Пендаровски и Заев ги повикаа сите на 5 – ти мај да излезат за земјата да продолжи напред

Кандидатот на СДСМ и коалицијата , Стево Пендаровски се заблагодари на мнозинската поддршка , што ја доби од сите и концептот Заедно , кој ќе победи и во вториот круг на 5- ти мај.

 Мнозинството граѓани се изјаснија дека сакаат напред , а со Заедно напред ќе победи и на 5- ти мај. Едвај чекам да се фатам за работа од позиција претседател ,з ашто десет години оваа земја немаше претседател . ,,Изборот во вториот круг ќе биде полесен . Сакам да им се обратам на сите кои гласаа за Блерим Река , за неопределените и за оние кои гласаа за Сиљановска но знаат дека тоа е неправедно .Мора да продолжиме да живееме во стабилна и напредна држава , рече Пендаровски. Секој треба да земе учество во Европските проимени во Европска Република Северна Македонија, додаде Пендаровски.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека според нивните податоци Пендаровски води со над 4 300 гласови . Заев им честита на граѓаните за фер и демократските избори и дека во следниот круг ќедобиеме уште една вредност , европска држава. Заев му ја честита на Пендаровски во политичкиот натпревар во кој секој глас е важен . Целосно различни концепти се спротиставени , прогресивниот на Пендаровски и деструктивниот на Сиљановска .јасно е дека концептот на Пендаровски ќе добие уште поголема поддршка. Очекува и граѓаните кои гласаа за Блерим Река да гласаат за напредокот .

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на Сиљановска – Давкова

ВМРО-ДПМНЕ  прогласи победа на нивниот претседателски кандидат Гордана Сиљановаска –Давкова.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ  , Сиљановска – давкова се заблагодари на партијата , но и на граѓаните кои гласаа за неа. Таа им се заблагодари и на граѓаните кои биле аполитични и гласале за неа, на граѓаните кои се разочарани од политиките на СДСМ , а гласале за неа. Ако се спореди бројот на граѓаните што гласале за Блерим Река , разликата е повеќе од  70 000 гласови предност.

,,За некој како мене кој во целата кампања , која укажууваше на неодржливост на систем на реѓим , во кој отсуствува правото , тогаш опозицијата усдпеал да ги убеди граѓаните дека во отсуство на право и правда може да си раскажуваме за ЕУ и НАТО. “  Таа додаде дека треба да се стави крај на транзиционите профитери , кои трчале од функција на функција и сега сакаат да завршат со највисоката , претседател на Република Македонија. Потребен е нов профил на лидер, рече Сиљановска – Давкова.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  , Христијан Мицкоски вели дека победивме и ги победивме нивните градоначалници ,ги победивме сите остатоци од транзицијата , сите измамнички потики. Ги победивме , но не целосно ги поразивме . Ова е победа на нашата заедничка татковина , Република Македонија. Доаѓа правдата за Македонија , рече Мицкоски. Македонија , горда достоинствена победи со народот , најголемата коалиција, народот против целата власт. Почна падот на Заев и неговата власт. Народот никогаш не греши не заборава , рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски ги наброи градовите и општините во кои Сиљановска Давкова го освои мнозинството гласови меѓу кои Битола , Охрид , Кавадарци , Неготино , Велес , Гевгелија , Аеродром , Кисела Вода , Ѓорче Петров , Бутел , Пробиштип , Штип , Кратово .

притисни ентер