Норвежаните свечено го отворија првиот подводен ресторан (ФОТО)

Првиот подводен ресторан уште не беше отворен , а веќе 7 000 луѓе направиле резервации.

Првиот европски подводен ресторан вечерва е отворен во Норвешка , а до сега место за ручек меѓу морската флора и фауна резервираа 7 000 гости.Ресторанот е сместен во јужниот дел на Норвешка и потсетува на голема бетонска цевка. Потопен е во Северното Море и се вика "Under",што на норвешки значи ,,Чудо”.

Дизајнот е на компанијата Снехет , која ги изработи нацртите и за Операта во Осло , како и за меморијалниот музеј за жртвите на 11 септември во Њујорк. Влезот изгледа како да се влегува во сауна , зашто дрвените даски го прекриваат неговиот горен дел.

По скалите долги осум метери се влегува во салата , во која се сместуваат околу 40 гости. Просечната цена е 3 700 норвешки круни , а по свеченото отворање вечерва , ресторанот за гости ќе биде отворен од почетокот на април.

Во Сибир пронајдена глава на волк стара 40 илјади години

Сочувана глава на волк од леденото доба, кој најверојатно починал пред 40.000 години, пронајдена е во Сибир.

Поради студот и мразот, остатоците се во одлична состојба, па може да се видат крзното, забите, мозокот и другите делови на главата.

Станува збор за животно од древен подвид на волци, што живееле во исто време со мамутите и изумреле во приближно ист период.

Научниците проценуваат дека станува збор за возрасен волк, кој бил за околу 25 отсто поголем од денешните просечни волци.

Од ебола во Конго починале 1400 луѓе

Светската здравствена организација(WHO)  смета дека нема потреба од прогласување на вонредна состојба во Демократска Република Конго поради болеста ебола од која за една година починале 1400 луѓе.

Од Комитетот за вонредни состојби на „ WHO“ наведуваат дека не се исполнети критериумите потребни за прогласување на глобална криза, но укажуваат дека се итно потребни 27 милиони долари за борба против епидемијата.

Деновиве епидемијата на ебола од која во Африка редовно умираат илјадници луѓе се проширила и во Уганда.

Во Уганда се регистрирани три случаи на ебола. Од последиците на болеста починало едно петгодишно дете.

Од последиците на вирусот ебола во периодот 2014 -2017 година во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне починале повеќе од 11000 луѓе а биле заразени 30 000 лица.

Видео: Што прави овој човек

Што прави овој атлета од Ниш, нешто што никој пред него не го направил. Изгледа навистина лудо и опасно. 

За едни неговиот потфат е за воодушевување, за други пак голема лудост .

На интернет се појави видео на кое може да се види како силно момче прави згибови на кров на Застава 128 додека таа се движи низ улиците на градот.

Момчето успеала во својата намера , откако металната конструкција за заварил за кровот на автомобилот и започнал да прави згибови.

притисни ентер