Тесла не е најпродаваниот електричен автомобил , туку оној што достигна 400 000 продадени возила

Моделот 3 на Тесла е во моментот најпродаван автомобил на пазарот на нови автомобили и се обидува да ја достигне титулата на најпродавано електрично возило на светот.

Тесла се обидува да ја преземе титулата од Нисан , чиј модел Лиф од втората генерација бележи рекордни резултати. Минатата година со 40 000 продадени примероци беше најпродаваниот електричен автомобил во Европа , односно најпродаван автомобил воопшто во Норвешка.

Нисан го претстави Лиф во 2010 и од тогаш продажбата достигна до 400 000 примероци. Од Нисан пресметале дека сите продадени автомобили заедно поминале 10 милијарди километри , што е годишна заштеда на 3,8 милиони барели нафта.

Лиф во моментот се произведува на три континенти и тоа во погоните во Опама(Јапонија), во Сандерленд(Англија) и во Смирна(Тенеси во САД).  

Во Сибир пронајдена глава на волк стара 40 илјади години

Сочувана глава на волк од леденото доба, кој најверојатно починал пред 40.000 години, пронајдена е во Сибир.

Поради студот и мразот, остатоците се во одлична состојба, па може да се видат крзното, забите, мозокот и другите делови на главата.

Станува збор за животно од древен подвид на волци, што живееле во исто време со мамутите и изумреле во приближно ист период.

Научниците проценуваат дека станува збор за возрасен волк, кој бил за околу 25 отсто поголем од денешните просечни волци.

Од ебола во Конго починале 1400 луѓе

Светската здравствена организација(WHO)  смета дека нема потреба од прогласување на вонредна состојба во Демократска Република Конго поради болеста ебола од која за една година починале 1400 луѓе.

Од Комитетот за вонредни состојби на „ WHO“ наведуваат дека не се исполнети критериумите потребни за прогласување на глобална криза, но укажуваат дека се итно потребни 27 милиони долари за борба против епидемијата.

Деновиве епидемијата на ебола од која во Африка редовно умираат илјадници луѓе се проширила и во Уганда.

Во Уганда се регистрирани три случаи на ебола. Од последиците на болеста починало едно петгодишно дете.

Од последиците на вирусот ебола во периодот 2014 -2017 година во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне починале повеќе од 11000 луѓе а биле заразени 30 000 лица.

Видео: Што прави овој човек

Што прави овој атлета од Ниш, нешто што никој пред него не го направил. Изгледа навистина лудо и опасно. 

За едни неговиот потфат е за воодушевување, за други пак голема лудост .

На интернет се појави видео на кое може да се види како силно момче прави згибови на кров на Застава 128 додека таа се движи низ улиците на градот.

Момчето успеала во својата намера , откако металната конструкција за заварил за кровот на автомобилот и започнал да прави згибови.

притисни ентер