Во вечерашното издание на Бекстејџ ќе ја видите Елена Ристеска во едно поинакво издание

Елена Ристеска во едно поинакво издание во вечерашното, ново издание на Бекстејџ.

Елена Ристеска е еден од најдобрите и најквалитетни вокали кај нас. На домашната музичка сцена постои повеќе од 16 години, една од ретките пејачки е која успешно гради кариера и во соседна Србија, а освен што плени со неверојатна харизма и енергија, Елена исто така е и голем професионалец па поради тоа и со години е стационирана онаму каде и што припага, а тоа е врвот! Во нејзината професионалност на дело се увервивме и ние! Имавме можност да поминеме заедно со неа 24 часа и да видиме како изгледа кога се буди наутро, какви се нејзините дневни рутини, подготовки за настап, како го минува денот, што најчесто прави пред да заспие и слично. 

Предизвикот Ристеска го прифати од прва и заеднички тргнавме на пат во Битола каде што имаше закажан концерт. 

Утрото ни почна вака.. Со појадок во кревет за кој што се погриживме ние, а таа воодушевено не прими во својата хотелска соба и накусо ни раскажа што прави кога ќе стане од спиење...

После појадокот веднаш се упативме на проба, каде што беа дел и од нејзините колеги музичари со кои што веднаш можевме да забележиме дека има исклучително близок однос и е омилена мегу нив. 

А од проба за неполни 60 минути се преселивме на сцена. Елена успеа за рекордно време да се спреми и да блесне во полн сјај во преполната сала во Домот на културата во Битола. 

Откако заврши со настап се упативме и на пијачка, во опуштена атмосфера, во друштво на неколку нејзини пријатели. Не изненади нејзината непосредност, опуштеност, смисла за хумор, скромност...

И дојде време и за спиење... А Елена повторно беше фина и не прими во својата соба за да видиме како изгледа и тоа. 

Мораме да признаеме дека ова едно деноноќие кое што го поминавме со Елена беше поприлично диманично. Впрочем таков е и нејзиниот живот. Она што мораме да го потенцираме е фактот дека за овие 24 часа колку што бевме со неа насмевката не ја тргна од своето лице. Елена ти благодариме што прифати да бидеш дел од овој несекојдневен експеримент. Чекаме покана за следна дружба! 

Лансирана ракета со 24 сателити , што во вселената носи и пепел на покојници (ВИДЕО)

Американската компанија SpaceX денеска ја лансираше во вселената својата најгоелма ракета ,,Фалкон Хеви” опремена со вселенски атомски часовник и соларно јадро.

Ракетата во вселената понесе 24 сателити , како и капсула со пепел на 150 покојни луѓе. Ова е прв ваков лет на компанијата на милијардерот Илон Маск , како дел од мисијата на Министерството за одбрана на САД. Еден од сателитиите што ги носи ,,Фалкон Хеви” на себе го има атомскиот часовник на НАСА ,,Deep Space” , што би требало да го смени начинот на навигација низ вселената.

Леталото носи и капсула во која има пепел од 150 покојници , чии семејства сакале тие да почиваат во вселената.  

Според Маск , ова било нивното најтешко лансирање. Вели дека сателитите требало да бидат поставени во три различни орбити и биле потребни неколку часа за да ги ослободат. Прв пат ракетата Фалкон Хеви е лансирана во февруари 2018 година.

Кучето Фрида , симбол на спасот на Мексико , замина во пензија (ВИДЕО)

Кучето Фрида , женка на лабрадор ритривер отиде во пензија од спасувачката служба на Мексико , а стана светски популарна по извлекувањето преживеани во земјотресот во 2017.

На посебна свеченост во чест на Фрида , воената морнарица на Мексико и подари посебна играчка , за да и бидат интересни пензионерските денови. Фрида годинава ќе наполни десет години полноправно членство во мексиканската спасувачка служба и има наполнето 70 човечки години.

Таа стана симбол на андежта на Мексиканците , откако вадеше преживеани по земјотресот на 19 септември 2017 година , кога загинаа над 300 лица. Таа за време на акцијата најде 12 преживеани под урнатините , како и 41 тело на загинати.

Учествуваше и во меѓународни мисии по земјотресите на Хаити и во Еквадор .

Поранешниот американски државен секретар си купи милионска вила од бејзбол ѕвезда (ФОТО

Поранешниот американски државен секретар Рекс Тилерсон купи луксузна вила од бејзбол ѕвездата Вернон Велс.

Според документацијата до која дошле американските медиуми ,67 годишниот Тилерсон и неговата сопруга Ронда ја купиле куќата на почетокот на месецов.

Тилерсон , пред да биде државен секретар на САД во 2018 , ја извршуваше функцијата директор на нафтената компанија Ексон. Куќата се наоќа во Вестлејк , во Тексас.

Куќата е продадена за 8,5 милиони долари , што е рекордна сума во областа Вестлејк , каде до сега рекордот го држаше куќа продадена во 2017 за 5,25 милиони долари.

Куќата на Тилерсон се наоѓа во затворената заедница за супербогати, Вакеро Клуб. Била иградена по мерка на бејзбол ѕвездата во 2010 и има површина од 1 500 квадратни метри.

Освен сите потреби , во куќата има и подземна пештера со базен. надвор има уште еден , бесконечен базен со бар до кој се плива и шечка за правење пици.

притисни ентер