Сугарески: Реконструкција на регионалните патишта до граничните премини со Бугарија

 На регионалниот пат Делчево-Звегор- Граничен премин „Делчево" од денеска  се одвиваат активности за асфалтирање со планираната реконструкција која се очекува да биде завршена годинава.

Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, станува збор за многу значаен пат, бидејќи е дел до рутата на Коридор 8 што нѐ поврзува со Република Бугарија и најчесто користен патен правец за излез од држвава.

– Реконструкцијата заедно со изработката на проектот е започната минатата година и очекуваме оваа година патот комплетно да биде завршен, а превозот на стока и патници да биде олеснат што ни е и крајна цел. Она што е многу важно и што ни е приоритет како Влада е да обезбедиме брза конекција со граничните премини. Од таа причина започнавме со реконструкција на овој патен правец кој води до граничниот премин Делчево, рече Сугарески кој со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски извршија увид во текот на работите за реконструкција.

Сугарески очекува оваа година ЈПДП да започне со реконструкција и на делот од Крива Паланка

до граничниот премин Деве Баир, а исто така, се планира реконструкција и на патниот правец од

Берово до граничен премин Клепало со Бугарија.

-Тоа значително ќе ја олесни комуникацијата со нашиот сосед Бугарија, а верувам дека ќе влијае

и на економската погранична соработка меѓу општините од овој дел на земјата со тие од бугарска

страна. Вложуваме сериози инвестиции во патната инфраструктура, преку една милијарда евра

инвестиции за изградба и реконструкција на патиштата, истакна Сугарески.

Реконструкцијата на патниот правец Делчево-Ѕвегор-граничен премин во должина од пет километри, е дел од пакетот проекти кои се реализираат преку Светска банка, каде оваа година е предвидена реконструкција и на 10 километри на делницата Делчево-Пехчево, Берово-Виница во должина од 11 километри. Вкупниот буџет за овие проекти е 3,3 милиони евра.

-Очекувам градежните работи да завршат до крајот на јуни, по што ќе се реконструира и булеварот, односно А3 Транзит низ Делчево – лев и десен коловоз , каде се започнати подготвителните работи. Вредноста на работите е 500 илјади евра, средствата се обезбедени од Буџет на ЈП за државни патишта. Во овој регион минатата година се реши едно круцијално прашање, а тоа е реконструкцијата на патот Кочани-Делчево и во истиот период потенциравме дека многу патишта од овој регион изминатите 30-40 години не се чепнати, истакна директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.

Градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски изрази задоволство од реализацијата на проектите, бидејќи оваа делница, но и транзитниот булевар се реконструираат првпат откако е изграден пред неколку децении.

– Квалитетот на животот на сите граѓани на РМ мора да биде на исто ниво. Денеска сме сведоци на еден проект кој можеме да го наречеме не Скопје 2014, туку Делчево 2019, односно на една градежна експанзија која ќе го подобри квалитетот на животот. Ние бевме сведоци за лошата состојба во која се наоѓа коловозот веќе подолго време што, секако, влијае и на безбедноста во сообраќајот, бидејќи овде транзитираат возила кон Бугарија, односно влегуваат во Македонија, но се оддава и лоша слика за градот како погранично место. Добрата инфраструктура значи и добра основа за економски развој, посебно во овој пограничен дел, рече Трајковски.

Посетата на министерот Сугарески и директорот Китанов во Делчево започна со работна средба со градоначалникот Трајковски каде беа презентирани актуелните и идните проекти кои се планирани во програмата на Општина Делчево, а ќе се реализираат со поддршка на ресорното Министерство и ЈПДП.

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер