Ватерполо клубот Партизан го нуди пехарот на Лигата на шампиони за спас од долговите

Ватерполо клубот Партизан во својата историја освоил седум титули на првак на Европа ,а вкупно има 75 големи трофеи , па сепак е пред згаснување.

Клубот е во голема криза и пред згаснување. На Партизан му се заканува стечај и се попишуват клупсктие трофеи и инвентар. Стечајот го отвори комуналното претпријатие за хигиена на Белград.

,, Уште одамна се што имаме во клубот ни е попишано. Им го понудивме и пехарот на Лигата на шампионите . Тој е од непроценлива вредност , па и н его нека го стават на попис. Ни однесоа и некој стар фрижидер , во кој ладиме вода и сок за судиите и делегатите.” , вели директорката на клубот Татјана Ракас.

Клубот нема пари ниту да им ја загрее водата на ватерполистите за да тренираат или да се натпреваруваат , така што екипата на седумкратниот европски првак и околу 300 мклади играчи се снаоѓаат на базените низ Белград.

,,Требаше да ми ја ампутираат ногата” – светски борец се бори со опасна инфекција (ВИДЕО)

Познатиот УФЦ борец Александер Волкановски ќе ја изгубеше ногата , а можеби и животот , да не беше веднаш хоспитализиран во болница во Чиле.

Тој по борбата на приредбата  УФЦ 237 , бил примен во болница во критична состојба и со силна инфекција на ногата. Волкановски  пред десетина дена во Рио де Женеиро го победи легендарниот Хосе Алдо.

На враќање кон Сиднеј , веќе му се слошило. Се симнал од авионот во Чиле , од каде требало да лета кон Нов Зеланд. Но , поради високата температура и отокот бил однесен во болница во Чиле, каде докторите откриле опасна бактериска инфекција.

,,Да седнев на вториот лет , инфекцијата можеше да се прошири на коските и тетивите , особено поради притисокот на воздухот во авионот. Беше толку сериозно што ми се закануваше ампутација на ногата. Постоеше шанса и да го загубам животот.” , раскажа борачот за американските медиуми.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Chile hospital update

A post shared by Alexander "The Great" (@alexvolkanovski) on

Ѓоковиќ направи шоу на Ролан Гарос и ја воодушеви публиката (ВИДЕО)

Тенисерот Новак Ѓоковиќ денеска во Ролан Гарос тренираше пред полни трибини , како што некои искоментираа ,,како рок ѕвезда”.

Ѓоковиќ на теренот Suzanne Lenglen во Париз беше дочекан од полни трибини. Спаринг партнер на српскиот тенисер му беше Италијанецот Андреас Сепи , додека вчера тренираше со Марин Чилиќ и со Доминик Тием.

Тој покажа со колкаво нетрпение го очекува Ролан Гарос и направи шоу за публиката. Ѓоковиќ го оркестрираше навивањето и правењето мексикански бранови , што е реткост на тениските терени.

Публиката воодушевено реагираше на наредбите на Ѓоковиќ , а воедно уживаше во играта на првиот рекет на светот.

Во првото коло на Ролан Гарос , Ѓоковиќ ќе игра против Полјакот Хуберт Хуркач.

Катастрофа на УЕФА – Финалето ќе се игра на полупразен стадион

Финалето на Лига Европа меѓу Челси и Арсенал ќес е игра во среда на Олимпискиот стадион во Баку , главниот геад на Азербејџан.

Одлуката на УЕФА да се игра финалниот натпревар во Баку , би можела да биде една од најлошите во историјата. Од ден во ден фудбалската јавност и навивачите негодуваа се повеќе , а како што се ближи натпреварот , јасно е дека ќе се игра на полупразни трибини.

Навивачите на лондонските клубови , па и самите управи веќе го изразија незадоволството што финалниот натпревар ќе го играат во Азербејџан.

Клубовите добија по шест илјади влезници за продажба , а денеска соопштија дека успеале да продадат само половина од нив. Арсенал на четири дена до натпреварот продал 3 500 , а Челзи 2 000 влезници.

Причината е во тоа што Баку им е предалеку на навивачите , кои треба да минат над 4 000 километри од Лондон.

Освен тоа, Арсенал наиде и на политички проблем , бидејќи нивниот играч Хенрих Мхитарјан нема да може да патува зашто е Ерменец и никоја нема да му ја гарантира безбедниоста во Азербејџан.

притисни ентер