Ердоган побара од Нов Зеланд да воведе смртна казна: Ќе платите за смртта на нашите браќа

Турскиот претседател Реџеп Tаип Ердоган побара од Нов Зеланд да воведе смртна казна по масакрот во џамиите во Крајстчрч.

Ердоган предупреди дека Турција ќе се погрижи за извршителот на масакрот , доколку Нов Зеланд не може. Австралиецот Брентот Тарант уби 50 верници во две џамии во Крајстчрч за време на петочната молитва.

,, Исполнети со омраза , убивте 50 наши браќа. Ќе платите за тоа. Ако тоа не го направи Нов Зеланд , ние знаеме како на овој или на оној начин ќе платите за ова злосторство. “ , рече Ердоган на изборен митинг на северот на Турција . Не објасни на кој начин има намера тоа да го изведе.

Тој само рече дека е грешка што пред 15 години Турција ја укинала смртната казна , додека Нов Зеланд би требало да ја воведе во својот кривичен систем.

Алијанса за Албанците: Застарените дела не треба да служат како можност за одбегнување на одговорноста

Неодговорноста, лагите и манипулациите се идентификациони зборови на ДУИ кои сè повеќе ги придружуваат високи партиски функционери на оваа партија. 

Ова беше докажано уште еднаш со тоа што осомничениот за случајот „Титаник III", пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, одби да сведочи на суд.

По 3 години, Ејуп Алими се сеќава дека не треба да биде повикан како осомничен, туку како сведок. Ова само докажува дека Ејуп Алим дошол до оваа идеја како начин за избегнување на одговорноста и одолговлекување на случајот.

Ние како АА бараме од судските органи да реагираат и да не дозволат овој случај, или пак било кој друг случај во кој се гонат поранешни државни функционери да застари, како што беше случајот со предметот „Траекторија" од кој се спаси поранешниот премиер Никола Груевски.

Алијанса за Албанците смета дека застареноста е многу важен правен институт што спречува гонење, како и извршување на кривични санкции по одреден временски период, затоа треба да се спречи неговата употреба како можност за избегнување од одговорност.

Затоа, јавно го прашуваме Ејуп Алим, зошто тој порано не се сети дека беше повикан како осомничен а не сведок?!

Избегнувањето на одговорноста може да ја спречат само судските органи, кои се должни да постапат по секој случај непристрасно и сериозно, спречувајќи ги неразумните одолговлекувања.

Потсетуваме дека Ејуп Алими е обвинет за уништување изборен материјал во врска со локалните избори во 2013 година во општина Чаир, за кој случај според КЗ се предвидени најмалку 5 години затвор. Од оваа гледна точка сметаме дека случајот се одложува со единствена цел за купување време.

Алијанса за Албанците

Скопската населба Жданец утре без вода

 Корисниците од населбата Жданец утре ќе останат без вода од 9 до 14 часот.

Од јавното претпријатието „Водовод и канализација" – Скопје соопштија дека прекинот на водоснабдувањето е поради систематска промена на водомери во населбата Жданец. /МИА

Просечната плата во септември 25.435 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 25.435 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,4 отсто во однс на септември лани.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање за 8,8 отсто, административни и помошни услужни дејности за 7,9 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 7,3  отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување за пет отсто, образование три отсто и преработувачка индустрија за 1,9 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 37.797 денари./МИА

притисни ентер