Лори Локлин и Фелисити Хофман платиле илјадници долари нивните деца, со просечен академски успех да можат да се запишат на елитните колеџи во Америка.
Тоа значи дека другите деца, кои во училиштата имале подобар успех и поголеми амбиции, се исфрлени од списокот за да можат холивудските деца да студираат.
Една од мајките на децата на кои им е нанесена неправдата сега ги тужи актерките и бара 500 милијарди долари оштета. Тужбата е поднесена во Високиот суд во округот Сан Франциско, поради завера, измама и нанесување на емоционална штета.
„Синот го одгледав да учи, да се бори за себеси и да биде амбициозен. И покрај извонредниот успех по завршувањето на гимназијата, не е примен на универзитетот на кој аплицирал, а за кој ќе се покаже дека бил мета на богаташите кои со помош на завера и пари ги внесувале своите деца. Мојот син единец е отфрлен, не поради тоа што не учел доволно, туку поради тоа што имотните луѓе одлучиле дека во ред е да се лаже, мами и подмитува. Поради нивните противзаконски одвратни дела, моето дете остана без шанса да се школува на добар факултет“ – наведува во тужбата, Џенифер Кај Тој.
Таа не прецизирала за кој колеџ станува збор, но со овој скандал, засега се опфатени Јеил, Џорџтаун, Стенфорд, Универзитетот Јужна Калифорнија, Лос Анѓелес, Тексад и колеџот Вејк Форест.
Хафман платила 15.000 долари за нејзината ќерка да има подобри резултати на завршниот испит. Меѓутоа, Локлин платила половина милион долари за нејзините ќерки, кои никогаш не се бавеле со спорт, бидат примени на Универзитетот Јужна Калифорнија, како спортски стипендистки.
Во меѓувреме, се покажало дека овој универзитет како доказ за бавење со спорт, барал само една фотографија на која девојките позираат во веслачка опрема, покрај чамец.
Инаку ќерката на Локлин е Инстаграм “инфлуенсерка“ и пред запишувањето на колеџ во едно интервју изјавила дека “не го ни видела средното училиште“ од силните забави, дека и нејзиниот татко “го пропуштил факултетот“ и оти се радува на заминувањето на колец “само поради забавите, а часовите некако ќе гледа да ги избегне“.