Вук Јеремиќ: Оставка на Вучиќ психопатот и слободни избори по 6-9 месеци

Сите барања на опозицијата веќе се обединети во една – оставката на претседателот Александар Вучиќ и одржувањето фер и демократски избори.

Ова му било кажано пред медиумите од страна на  поранешниот српски министер за надворешни работи и водач на Народната партија, Вук Јеремиќ.

Според него, ова мора да се направи преку договор со кој се гарантира постоење на слободни медиуми. 

Ако ова барање не биде прифатено, можно е да се радикализираат протестите – граѓанска непослушност пред 13 април, рече тој, и наведе дека тоа би значело блокирање на универзитетите, институциите и важните раскрсници во земјата.

Јеремиќ рече дека во оваа фаза “нема услови за комуникација со Вучиќ, бидејќи спротивното би значело огромно предавство на граѓанскиот протест и опозицијата”.

Лидерот на НП смета дека “протестите го разнишаа  Вучиќ, кој веќе има видливи манифестации на психолошка нестабилност и губи контрола” над ситуацијата.  

Вук Јеремиќ повтори дека “западните земји не сакаат да го видат падот на Вучиќ од власт се додека тој не ги исполни ветеното – договор со Приштина според кој Косово би станало член во ОН, а Србија преку предложениот договор трајно би се откажала од Косово”.

притисни ентер