Авиони на ДЗС го гаснеа пожарот на Скопска Црна Гора, исфрлени 35 тони вода

Пожарот што денеска избувна во реонот на Скопска Црна Гора и зафати ниска мешана шума, наложи дејствување на воздухоплови на Дирекцијата за заштита и спасување. 

Беше дејствувано вкупно седум пати со два авиона, при што беа исфрлени 35 тони вода. Авионите дејствуваа во рамки на можностите до самиот крај на денот, додека дозволуваа условите и беше направено се што е во нивна моќ, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.

Со оглед на фактот, посочуваат од ДЗС, дека никаде во светот не е предвидено да се гасне пожар во ноќни услови, акцијата на нивните воздухоплови траела до зајдисонце.

-Бидејќи, авионите се исклучително скап ресурс и се користат само за непристапни високи предели, апелираме земските служби координирано да дејствуваат на терен, а од воздухопловите да се бара помош само кога има навистина потреба, наведуваат од ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување воедно упатува апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови.

-Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите. Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали околната нискостеблеста вегетација, стои во соопштението од ДЗС.

Пожарот избувна денеска околу 13 часот на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче. /МИА

Меѓународните набљудувачи ќе објават првични наоди и заклучоци за изборите

 Меѓународните набљудувачи кои вчера го следеа првиот круг од Претседателските избори денеска на прес-конференција во Скопје ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци.

Првичните наоди и заклучоци ќе ги објават Серен Мобурн, специјален координатор и шеф на краткорочните набљудувачи од ОБСЕ, Мари – Кристин Дало, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Рајнхолд Лопатка, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ОБСЕ ПС) и Корин Јонкер, шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР за изборите.

Меѓународната мисија за набљудување на претседателските избори се состои од  240 набљудувачи од 38 држави, од кои 189 се долгорочни и краткорочни набљудувачи од редовите на ОБСЕ/ОДИХР, 39 парламентарци и друг персонал од ОБСЕ ПС и 12 од ПССЕ.

ДИК : Пендаровски со мала предност пред Сиљановска

Според обработените 100 проценти од податоците Пендаровски води со помалку од илјада гласа пред Сиљановска Давкова .

Кандидатот на СДСМ и коалицијата освоил 313 033 гласа или 42,67 проценти од вкупнуиот број гласови. Тој , според податоците на Државната изборна комисија победил во Куманово , Крива Паланка , Струмица , Берово ,Делчево и Дојран , како и во Центар и Карпош. Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ освои 312 177 гласа или 42,56 проценти од гласовите. Таа освои најмногу гласови во Велес , Кавадарци , Неготино , Битола , Охрид, Ѓорче Петров , Аеродром , Штип , Пехчево , Прилеп и Гевгелија.

 Кандидатот Блерим Река освои 76 496 гласа или 10,43 проценти од гласовите. Најголема предност Река има во Желино , Липково , Теарце и Боговиње.

Според претседателот на ДИК , Оливер Деркоски изборите минале во фер и демократска атмосфера и изрази задоволство за добро извршената работа.

Пендаровски и Заев ги повикаа сите на 5 – ти мај да излезат за земјата да продолжи напред

Кандидатот на СДСМ и коалицијата , Стево Пендаровски се заблагодари на мнозинската поддршка , што ја доби од сите и концептот Заедно , кој ќе победи и во вториот круг на 5- ти мај.

 Мнозинството граѓани се изјаснија дека сакаат напред , а со Заедно напред ќе победи и на 5- ти мај. Едвај чекам да се фатам за работа од позиција претседател ,з ашто десет години оваа земја немаше претседател . ,,Изборот во вториот круг ќе биде полесен . Сакам да им се обратам на сите кои гласаа за Блерим Река , за неопределените и за оние кои гласаа за Сиљановска но знаат дека тоа е неправедно .Мора да продолжиме да живееме во стабилна и напредна држава , рече Пендаровски. Секој треба да земе учество во Европските проимени во Европска Република Северна Македонија, додаде Пендаровски.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека според нивните податоци Пендаровски води со над 4 300 гласови . Заев им честита на граѓаните за фер и демократските избори и дека во следниот круг ќедобиеме уште една вредност , европска држава. Заев му ја честита на Пендаровски во политичкиот натпревар во кој секој глас е важен . Целосно различни концепти се спротиставени , прогресивниот на Пендаровски и деструктивниот на Сиљановска .јасно е дека концептот на Пендаровски ќе добие уште поголема поддршка. Очекува и граѓаните кои гласаа за Блерим Река да гласаат за напредокот .

притисни ентер