Актерката се породила на 42 години па набргу по породувањето ги покажала стомачните мускули (фото)

Актерката Дајан Кругер (42) ни самата не можела да поверува колку брзо телото и се вратило во првобитната состојба после породувањето.

Дајан за прв пат станала мајка пред четири месеци, а пред некој ден објавила фотографија од стомачните мускули на својот профил на Иснтаграм.

„Дали се правам важна? Да! Затоа што е ова е сериозна работа. Мислев дека ова е невозможно откако се породив, посебно во мои години“ – напишала таа.

„Немам личен тренер, но многу сум посветена на тоа да го вратам своето тело. Првенствено поради себе, а потоа и поради мојот маж. Женското тело навистина е неверојатно“ – заклучила Дајан.

Кон крајот на минатата година со партнерот Норман Ридс добија ќерка.

Парот се запозна на снимањето на филмот „Скај“, а врската ја обелоденија во март 2015 година.

Астон Мартин се појави со првиот V8 СУВ (ВИДЕО)

Првиот модел на спортско урбано возило на Астон Мартин пристигна на тестирање на патеката во Нирнберг.

Во Астон Мартин не сакаа да гледаат како Ламборџини и другите од таа класа собираат заработувачка од продажбата на популарните СУВ модели. Очигледно премиерата се наближува , зашто Астон Мартин веќе го изнеасе на тестирање најновиот модел на патеката во Нирнберг.

Новиот DBX најверојатно ќе има 4.0 V8 twin turbo мотор од AMG , со осмостепен менувач. Треба да се очекува сила од 510 Кс и 685 Нм , што значи и дека до 100 км/час ќе стигнува за помалку од 3,8 секунди.

Максималната брзина ќе биде 250 км/час.

Кралицата Елизабета го прослави роденденот- Меган и Хари одушевија со честитката

Британската кралица Елизабета II денеска го прослави 93. роденден.  

Кралицата владее со Британија повеќе од 67 години , а годинава роденденот и се поклопи со Велигден , па го просклави во црквата Св.Џорџ во Виндзор. Кралицата на мисата во кралската црква  за Велигден стигна во тиркизен капут и шешир.

Таа дојде со принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон. Таму веќе ја чекаа трудната војвотка Меган и сопругот , принцот Хари. Бебето , кое треба да се роди до крајот на овој месец , ќе биде осми внук на кралицата.

,,Среќен роденден , Ваше Височество, Мамо, Бабо.” , напишаа Хари и Меган на честитката за кралицата , која ја објавија на Инстаграм.

Роденденот на кралицата во понеделник ќе биде одбележан со плотун на воена парада во 11 часот во Хајд Парк , во близина на Бакингамската Палата.

Најлутиот ривал за роденденот на Мустанг му испрати торта (ВИДЕО)

Најлутиот ривал на Форд , Шевролет , со торта му го честита 55 . роденден на најпродаваниот американски спортски автомобил.

Форд Мустанг , иако наполни 55 години , се уште е најпродаван спортски автомобил во САД.

Од најлутиот ривал , Џенерал Моторс , пристигна роденденска честитка објавена на нивниот сајт. Од Шевролет со торта му го честитаа роденденот на Мустанг.

Овој автомобил е прв пат претставен на 17 април 1964 , а годишно од него се продаваат во просек по половина милион примероци. Минатата година беше продаден 10 – милионитиот примерок.

притисни ентер