Романскиот бизнисмен изградил автопат од еден метар - само за да ги посрамоти властите (видео)

Романски бизнисмен изградил автопат во должина од еден метар во североисточна Романија во знак на протест поради лошата патна инфраструктура во земјата.

Романија има една од најкратките мрежи на автопатишта во ЕУ од само 806 километри за целата земја, иако има територија скоро еднаква на Велика Британија која има околу 4.000 километри, наведува „БиБиСи“.

Британија при тоа не е ни меѓу земјите на ЕУ со најголема патна мрежа, најмногу има Шпанија со 16.000 километри, а следува Германија со 14.000 километри, според податоците на „Евростат“.

Мандачи за „БиБиСи“ изјавил дека целта му е да го обедини народот во напорите да имаат автопатишта. Автопатот на парцела во негова сопственост во близина на фреквентниот главен пат симболично е изграден во Сучава, област без автопатишта. Тој изјавил дека тој регион е единствен во Романија каде воопшто нема автопатишта.

„Немаме ни еден метар автопат па се одлучив да изградам метар и да покажам оти тоа е можно“ – изјавил Мандачи за „БиБиСи“.

Сообраќајот на најблискиот пат е во застој затоа што неколку приврзаници се пријавија да присуствуваат на таканареченото отворање на автопатот.

Беа присутни и неколку медиуми, како и возило за итна помош и противпожарно возило, додека мал авион прелетувал со натпис со кој се бараат автопатишта.

„Мислам дека сме обединети. Никогаш не сум доживеал момент на ваква солидарност меѓу Романците“ – извикал Мандачи над буката автомобилски сирени.

Насобраните гласно навиваа додека тој ја пресекувал лентата за да го отвори тоа што го нарекле „споменик автопат“.

 

Во Сибир пронајдена глава на волк стара 40 илјади години

Сочувана глава на волк од леденото доба, кој најверојатно починал пред 40.000 години, пронајдена е во Сибир.

Поради студот и мразот, остатоците се во одлична состојба, па може да се видат крзното, забите, мозокот и другите делови на главата.

Станува збор за животно од древен подвид на волци, што живееле во исто време со мамутите и изумреле во приближно ист период.

Научниците проценуваат дека станува збор за возрасен волк, кој бил за околу 25 отсто поголем од денешните просечни волци.

Од ебола во Конго починале 1400 луѓе

Светската здравствена организација(WHO)  смета дека нема потреба од прогласување на вонредна состојба во Демократска Република Конго поради болеста ебола од која за една година починале 1400 луѓе.

Од Комитетот за вонредни состојби на „ WHO“ наведуваат дека не се исполнети критериумите потребни за прогласување на глобална криза, но укажуваат дека се итно потребни 27 милиони долари за борба против епидемијата.

Деновиве епидемијата на ебола од која во Африка редовно умираат илјадници луѓе се проширила и во Уганда.

Во Уганда се регистрирани три случаи на ебола. Од последиците на болеста починало едно петгодишно дете.

Од последиците на вирусот ебола во периодот 2014 -2017 година во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне починале повеќе од 11000 луѓе а биле заразени 30 000 лица.

Видео: Што прави овој човек

Што прави овој атлета од Ниш, нешто што никој пред него не го направил. Изгледа навистина лудо и опасно. 

За едни неговиот потфат е за воодушевување, за други пак голема лудост .

На интернет се појави видео на кое може да се види како силно момче прави згибови на кров на Застава 128 додека таа се движи низ улиците на градот.

Момчето успеала во својата намера , откако металната конструкција за заварил за кровот на автомобилот и започнал да прави згибови.

притисни ентер