Актерка признала дека добивала улоги преку кревет: Така сакав

Британската актерка Шарлот Кирк за британските медиуми изјавила дека повеќе улоги ги добила “преку кревет“, бидејќи така сакала.

Џејмс Пакер, милијардер познат и како поранешно момче на Мараја Кери, и испратил на Шарлот СМС со следната содржина:

„Дојди веднаш во хотелот Бел ер. Имам за тебе фантастична понуда, нема да можеш никогаш да ми се оддолжиш. Ќе те запознаат со најважниот човек што некогаш ќе го запознаеш“ – и напишал тој.

Шарлот, која тогаш имала 21 година, долетала во хотелот и го запознала Кевин Цуџихара, директорот на студиото „Ворнер брос“. Поминале во хотелската соба повеќе од два часа и така започнал неговиот систем на “кауч кастинг“, пренесува „Дејли меил“.

Цуџихара во моментов е дел од истрагата поради тој скандал и морал јавно да им се извини на вработените, сопругата и целата индустрија.

Шарлот од своја страна пак го брани осрамотениот директор на „Ворнер“ и изјави дека неколку пати спиела со него, но “само затоа што така сакала“.

Нивните СМС преписки се објавени во рамките на истрагата, а „Дејли меил“ пренесува дека таа во рамките на овој “договор“ добила улоги во филмовите како што се „Vice”, „Ocean’s eight” и други.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

И денеска продолжуваат настаните поврзани со одбележувањето на четиригодишнината од членството на Македонија во НАТО.

Со одржување на информативен ден на НАТО програмата насловена „Наука за мир и безбедност“. Информативниот ден го отворија министерката за одбрана Петровска и шефот на одделот за управување и координација на алијансата Клаудио Палестини.

Собранието ја донесе декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од НАТО

Собранието на денешната последна пленарна седница на овој парламентарен состав ја усвои декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од НАТО и 75 години од основањето на алијансата.

До 4 април кога почнува изборната кампања спикерот Јован Митрески вели дека има простор за уште една седница, за евентуално итни прашања. На денешниот брифинг Митрески потврди дека додека трае изборната кампања нема да има седници и сите други активности на Собранието ќе бидат сведени на неопходниот минимум со цел да се избегне можноста за злоупотреба на собраниската говорница.

Ова се редовни парламентарни избори и согласно Уставот, Собранието не е распуштено и останува во постојано заседание, потсети спикерот.

До 12 мај тој треба да ја свика седницата за инаугурацијата на новиот претседател а најдоцна до 28 мај треба да биде свикана конститутивната седница на идниот парламентарн состав. Инаку, денеска декларацијата за НАТО беше изгласана со 87 гласа „за“ и два „против“

притисни ентер