„Нова политика на Русија, следната мета на Путин ќе биде европска држава“

„Прво дојде во Грузија, потоа во Украина, а следната мета на претседателот Владимир Путин веројатно нема да биде поранешна советска земја“, изјави Михаил Сакашвили.

Поранешниот грузиски претседател смета дека следната мета на Путин би можела да биде европска земја која не е членка на НАТО, како Шведска или Финска.

Како што наведува Сакашвили во авторскиот текст за „Форин полиси“, неодамна се појавиле извештаи дека новата политика на Кремљ ќе бара од сите меѓународни бродови да и дадат известување на Русија 45 дена пред да влезат во Северната морска рута, која ги поврзува Атлантскиот и Тихиот океан преку артичките води северно од Сибир.

Секој брод на оваа рута, каде Русија вложила големи средства во софистицирана воена инфраструктура, исто така ќе мора да имаат руски поморски пилот на бродот, додава Сакашвили.

„Бродовите за кои ќе се утврди дека ги кршат овие ограничувања ќе бидат присилно сопрени, задржани или во одредени ’екстремни“ околности, ’елиминирани’“, наведува тој.

„Најновата закана на Кремљ во голема мера остана незабележана. Руските официјални лица ги правдаат новите поморски ограничувања со познатите објаснувања како ’поактивните поморски операции во Арктикот на разни странски земји бараат ваков одговор’", изјави поранешниот грузиски претседател.

Како што додава, станува збор за истата тактика која Путин со години ја користел “за да го оправда својот воен авантуризам“.

„Од Грузија 2008 година, до Украина 2014 и Сирија 2015 година, Путин секогаш го обвинуваше Западот за руската агресија, а медиумите кои се во служба на власта додатно ја засилуваат таа порака со говорот за русофобија“ – пишува во текстот Сакашвили.

„Многумина се прашуваат што всушност Путин добива со оваа приказна. Американските и европските санкции нанесоа сериозни удари на руската економија, па се поставува прашањето зошто Путин би платил толку неверојатно висока цена за да земе уште некои делови од територија“ – наведува тој.

Сакашвили тврди дека тие што се обидуваат да одговорат на тоа прашање не ја гледаат поентата.

„Имено, во случајот со Крим, источна Украина, Јужна Осетија или други места кои за Путин се делови од рускиот двор, територијалната добивка никогаш сама по себе не била целта. Целта на Путин е иста како кога ја нападна Грузија во 2008 година, а тоа е да го засили притисокот на својата моќ во Русија“ – смета Сакашвили.

„Путин е предвидлив и логичен. Со нападот на послабиот сосед добива евтин и брз начин за подобри оцени отколку што би добил со подобрувањето на рускиот систем за здравствена нега. Не е случајно што поддршката на Путин достигна климакс во 2015 година после припојувањето на Крим. Подоцна истата година, во моментот која руската економија пропаѓаше, интервенцијата во Сирија послужи за засилување на патриотизмот“ – оценува поранешниот претседател на Грузија.

„Сигурно дека потезите на Путин наидуваат на остра критика од Вашингтон и Брисел, но осудата надвор од Русија само ја зголемува неговата популарност во земјата, а стандардните европски и американски дипломатски изрази “длабока загриженост“ звучат како обично клише“ – додава тој.

Меѓутоа, како што пишува Сакашвили, статус кво не може да се одржи.

„Ако нешто научивме изминативе две децении, оправдано е да се заклучи дека на повидок е нова криза. Според анкетата која на 7 март ја спроведе Рускиот центар за истражување на јавното мислење, довербата на руските гласачи во Путин паднала на 32 отсто, што е на најниско ниво од 2006 година“ – се додава во текстот.

Сакашвили додава дека воопшто не се доведува во прашање тоа дали Путин ќе нападне, туку прашање е само каде и кога ќе биде тоа.

Сепак, Сакашвили не очекува дека руски тенкови ќе влезат во Хелсинки или Стокхолм без некаква реакција и отпор.

Меѓутоа, за Москва би било релативно лесно да приграби територија на оддалечена арктичка енклава или на мал остров, како шведскиот Готланд, со оглед на стратешката можност која Русија ја изградила на својот северен дел.

Всушност кој би влегол во војна поради замрзнато балтичко острово или дел од финската тундра, се прашува Сакашвили?

„НАТО не, но Путин да, бидејќи неговите влогови се поголеми“ – додава поранешниот претседател на Грузија.

(20.25 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 30% : Силјановска 109692 , Пендаровски 48553 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 30,23 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 109.692 гласа или 45%.

На второ место е Стево Пендаровски со 48.553 гласа, односно 19.92 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 28547 гласа или 11,71 % , Максим Димитриевски 19227 гласа или 7,89% , Арбен Таравари 18432 гласа или 7,56 % , Билјана Ванковска 11.033 гласа или 4,53 % и Стевчо Јакимовски 2482 или 1,02%.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Тошковски и Бојмацалиев констатираа дека денешниот изборен ден поминал во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.

Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

Криминалистичката полиција во Дрезден спроведе истрага против четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години поради сомнение дека злоставувале 13-годишно глуво девојче.

Според германските медиуми, осомничените се државјанки на Украина, кои дошле во Германија кога започнала војната во нивната земја, објави Билд.

Тие се товарат за „противправно лишување од слобода на лице и нанесување тешка телесна повреда“, изјави портпаролот на полицијата Марко Ласке.

Злосторството се случило во близина на парк во Мајсен, во близина на светски познатата фабрика за порцелан во Мајсен. Паркот има игралиште, споменик на жртвите на фашизмот и клупа, а таму често престојуваат голем број луѓе.

Четири девојчиња се осомничени дека во саботата наутро во паркот пресретнале глуво девојче (13) од Словачка, кое минувало низ паркот.

Девојчето поради глувоста не можела да се договори со нив, по што следел ужасот.

„Девојките се осомничени дека го однеле детето во подрумот на блиската опустошена зграда спроти паркот. Таму ја врзале и ја мачеле неколку часа“, изјавил портпаролот на полицијата.

Се претпоставува дека девојчињата цело време го тепале детето, а наводно ѝ нанеле повреди со дрвени и метални шипки.

Глувото девојче го ослободиле дури околу 14 часот, кога успеало да избега. Детето истрчало директно во полиција, а при преглед лекарите констатирале физички повреди.

Девојките биле фатени во близина на местото на злосторството, а полицијата им ги одзела телефоните за да провери дали го снимале нападот.

Мотивот за ваквото брутално насилство не е познат. Жртвата не била ограбена.

Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

притисни ентер