Видео: Ново ремек-дело на „волшебникот “Лео

Најдобриот светски фудбалер, Аргентинецот Лионел Меси одигра уште еден маестрален натпревар во дресот на шпанскиот шампион Барселона.

Меси имаше свое гол шоу на гостувањето во Севилја кај Бетис и со уште еден хет-трик обезбеди нова убедлива победа на Барселона, Бетис беше декласиран со 4-1.

Сите три гола на Меси беа приказни сами за себе, но сепак третиот беше гол што долго ќе се памети.

Волшебникот Лео по третиот гол во мрежата на Бестис доби овации од полните трибини.

Торонто и цела Канада ја прослави историската победа во НБА (ВИДЕО)

Илјадници навивачи на Торонто Репторс излегоа на улиците за да ја прослават историската титула на новниот тим , кој ја освои шампионската титула на НБА лигата.

Кошаркарите на Торонто Рапторс ја освоија титулата , откако на гости го победија Голден Стејт со 114-110 во шестиот натпревар на финаклната серија и со тоа на Канада и ја донесоа првата кошаркарска победа во НБА во историјата.

Не само во Торонто , низ цела канада се славеше со песната ,,Ние сме шампиони!”. ,,Тако правиме ние од северот.” ; напиша канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер со честитка за победата.

Реал и го украде на Барселона јапонското чудо од дете

По катастрофалната сезона , раководството на Реал Мадрид почнаа да купуваат нови играчи.

Перез веќе ги донесе Јовиќ, Милита, Менди и Хазард , а наскоро на Бернабеу ќе стигне и 18 годишниот Јапонец , Такефуса Кубо. Реал е многу заинтересиран за младиот Јапонец , кој игра за ФЦ Токио и би го купиле за два милиона евра.

Кубо беше играч на Барселона , а пради него каталонскиот клуб во 2014 доби забрана за трансфер поради неговата возраст од само 14 години, што е нелегално.  Јапонецот ја напушти Барселона во 2016 , а сега Каталонците би сакале да го земат , но пред нив преговарале првите луѓе на Реал.

Реал за Кубо ја планира втората постава , каде би се подготвувал за настапи со првиот состав. Трансферот ќе биде завршен во наредните неколку дена.

Седма титула за кошаркарите на МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. се нови шампион на Македонија. 

Сино белите од населбата Аеродром по трет пат во финалната серија го совладаа бранителот на тронот Работнички и заслужено стигнаа до нов шампионскиот трофеј.  

Вечерва на домашен терен кошаркарите на МЗТ Скопје во интересен натпревар со 85 – 78 го совладаа  ослабениот вечен ривал Работнички за триумф во финалето од 3-0 во победи.

Подолгата клупа на  металците и вечерва беше клучна за конечниот епилог на третиот финален дуел. Ослабениот Работнички, Докузовски играше со само седум кошаркари, повторно попушти во финишот и дозволи  МЗТ Скопје по седми пат во клупската историја да го освои шампионскиот пехар.

Најефикасни во редовите на новиот шампион се Иве Иванов со 23  и Медфорд и Дамјан Стојановски со по 16 односно 12 кошеви. Кај Работнички  најпрецизни со по 17 поени се искусените Чековски Костов.

притисни ентер