Вознемирувачки сцени од Неапол – голманот на Наполи заврши во болница (ФОТО)

Наполи славеше на свој терен од серијата А по месец и пол пауза.

Наполи славеше победа против Удинезе , но победата и резултатот паднаа во втор план по драматичната сцена на теренот. Голманот на Наполи во четвртата минута доби удар во глава од напаѓачот на Удинезе, Игнацио Пусети.

Голманот Давид Оспина , откако му ја врзаа главата , продолжи да го брани голот на Наполи. Но , во 40. минута од натпреварот наеднаш падна во несвест.

Неколку моменти лежеше неподвижно на теренот , додека другите играчи не увидоа дека нешто страшно се случува и повикаа помош.

Оспина на носилки беше изнесен од теренот и однесен во болница , а медиумите наведуваат дека во моментов е буден и е во стабилна состојба.

Солскјер најави чистка по дебаклот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл денеска против Евертон од кого загуби со 0:4.

Ова беше најголемата победа на Евертон против Манчестер Јунајтед од 1984 година кога изгуби со 5:0. По овој резултат е јасно дека магијата на Оле Гунар Солскјер исчезна, откако Норвежанецот го замени Мурињо на чело на тимот пред крајот на минатата година.

Јунајтед славеше на 10 од првите 11 натпревари со него на клупата. Но , сега Јунајтед пропаѓа и загуби шест од последните осум натпревари.

Солскјер , за да ја смири својата и лутината на навивачите , најави дека од сдледната сезона голем број од фудбалерите на Јунајтед нема да играат во тимот.

Навивачите на ПАОК го запалија Солун (ВИДЕО)

Викендов во Солун владее вистинска фудбалска грозница.

Вчера клубот ПАОК го прослави 93 роденден , а по тој повод навивачите низ целиот град поставија илјадници факели , што буквално го запалија цел Солун.

Роденденската прослава денеска би можела да се претвори во уште поголемо лудило , доколку вечерва ПАОК го освои првенството , и тоа по цели 34 години.

На две кола пред крајот на првенството ПАОК има 8 бода предност пред второпласираниот Олимпијакос, кој има натпревар помалку. Денешната победа над Левадиакос , кој се подготвува за втората лига , ќе значи и освојување на првото место за ПАОК.

Натпреварот почнува во 18 часот. ПАОК бил првак на Грција во 1976 и во 1985 .

Самсоненко се повлекува од РК Вардар

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко преку пишано соопштение најави дека од следната сезона нема да биде во можност да продолжи со финансирањето на Ракометниот клуб „Вардар“.

Тој ги повикува македонските бизнисмени да се приклучат кон финансирањето на ракометниот клуб.

– Од седуммте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити. Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот – пишува Самсоненко.

Тој вели дека добил ветувања дека за кратко ќе добие помош за ракометот, но дека помошта ја нема.

притисни ентер