Се враќа легендарниот ,,Баги” во електрична верзија

На саемот за автомобили во Женева Фолксваген се појави со  севремената инкарнација на познатото возило за забава ,,Баги”, кое беше популарно пред половина век.

За разлика од поранешното , новото Баги е на електричен погон со бројни современи додатоци. Возилот има специјални пнеуматици BFGoodrich за возење надвор од асфалт и заштитен рол бар за заштита од превртување.

Постојната каросерија може да претрпи секакви промени , во зависност од желбата на купувачот.

Материјалите се водоотпорни , а возилото нема покрив , врата и странични прозорци. За енергија се користат литиум – јонски батеии со капацитет од 62kWh , кои сос труја го напијуваат моторот со јачина од 204 Кс со 309 Нм.

Новото Баги забрзува од 0-100км/час за 7,2 секунди , а максималната брзина електронски е ограничена на 160км/час. Фолксваген тврди дека со едно напојување возилото може да помине 250 км.

Салма Хаек со поќерката ги привлече сите погледи во Венеција (ФОТО)

Салма Хаек и нејзината 23-годишна поќерка Матилда Пино привлекоа внимание на гала вечерта во Венеција, каде се појавија во елегантно издание.

57-годишната актерка пристигна во долг син фустан со светки, додека Матилда носеше сребрен фустан. Со нив бил и Франсоа-Анри Пино, сопругот на Салма и татко на Матилда.

Актерката е во брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Салма ја има ќерката Валентина Палома со Пино. Бизнисменот од врската со Линда Евангелиста го има синот Аугустин Џејмс, а од првиот брак со Дороте Лепер ја има ќерката Матилда и синот Франсоа.

Од почетокот на врската со Пино, Салма развива добри односи со неговите деца. Таа неколку пати објавуваше заеднички фотографии.

Димитриеска Кочоска: Платформа 1198 значи повисок стандард, раст на БДП од 5% на среден рок

Состојбата е катастрофална во секоја сфера. Главниот проблем е тоа што државата не е функционална и тоа што граѓаните воопшто не можат да имаат никакво влијание и немаат влијание врз одлучувачките процеси.

Ако немаме економија, тогаш не можеме да очекуваме развој во ниту еден сегмент.

Не смееме да дозволиме и понатаму, државата да биде киднапирана од стотина луѓе од власта кој што носат одлуки само за нивни лични интереси и за нивно богатење.

И токму поради тоа, народот треба да стави стоп на ваквото однесување. Да излезе масовно и да гласа, затоа што се потребни промени, промени кои што ќе ја направат Македонија твоја.

Денес сум во Македонски Брод, кој што можам комплетно да кажам дека е целосно заборавен од централната власт и токму тоа треба да се промени.

Имав средби со граѓани, имав средби со стопанственици. Едногласно е секаде размислувањето и одлуките на луѓето дека промени мора да да има. При тоа, го искористивме периодот од денот да ги презентираме мерките и решенијата кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има во својата Платформа 1198, кој што и всушност значат многу подобар живот за граѓаните, повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средби бизниси, повисоки пензии.

Затоа, масовно треба да излеземе и да гласаме на 24 април и на 8 мај, со цел да има промени и за повторно Македонија да биде твоја, односно да биде наша, рече Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.

Напад со нож во Шведска: Застрелан е напаѓачот, кој им се нафрли на три постари жени

Шведската полиција соопшти дека застрелала маж во врска со нападот на три постари жени во градот Вастерас.

Полицијата соопшти дека мажот ги нападнал жените на возраст меѓу 65 и 80 години со остар предмет, пренесува Ројтерс. Шведската агенција Експресен објави дека една од жените и напаѓачот се во болница со сериозни повреди.

Очевидци велат дека слушнале десет истрели. Нападот се случил денеска околу 12:25 часот.

"Многу полицајци беа на местото на нападот. Мислевме дека станува збор за петарди. Не знаевме за што се работи. Автомобилот на нашиот сосед беше уништен. Полициско возило удри во него", рекол еден од очевидците.

притисни ентер