Путин заминува за Крим на петгодишнината од анексијата

Рускиот претседател Владимир Путин утре на Крим ќе учествува во обележувањето на претгодишнинатра од руската анексија на полуостровот .

Анексијата на Крим од Украина беше остро осудена од целата меѓународна заедница, но имаше многу позитивни реакции во Русија.

Путин во военото пристаниште Севастопол ќе пушти во погон електрична централа , ќе се состане со претставниците на локалните здуженија , а ќе учествува и на свеченоста по повод припојувањето на Крим кон Русија.

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна./МИА

ДИК: До 11 часот излезноста 12,78 отсто или 229.473 гласачи

До 11 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е 12,78 отсто или на гласање излегле вкупно 229.473 граѓани. 

Како што е објавено на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК), овие проценти се врз основа на обработени 3 418 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава.

Кина го осуди одобрувањето на пакетот американска воена помош за Тајван

Кина денеска го критикуваше одобрувањето на новиот пакет американска воена помош за Тајван, наведувајќи дека со тоа островот се става во „опасна ситуација“.

Американскиот Сенат синоќа одобри воена помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван по неколку месеци одложување и дебата за тоа колку САД треба да бидат вклучени во војни во странство.

Од тоа, осум милијарди долари беа наменети за Тајван, со цел да се спротивстави на кинеската закана од инвазија.

Кина смета дека Тајван, кој прогласи независност, е дел од нејзината територија и се закани дека таа позиција ќе ја брани со сила доколку е потребно.

Кинеската канцеларија во Тајван соопшти дека помошта „сериозно ги прекршува“ обврските на САД кон Кина и „испраќа погрешен сигнал до тајванските сепаратистички сили“. /МИА

притисни ентер