ПОСЕН ВЕГАНСКИ РЕЦЕПТ: СТРОГАНОФ

Рецепт на: Драгана Велковска

Потребни состојки:  400 гр.мешавина од буковка и шитаке, 2 чешни лук, 150 мл. бело вино, 1-2 лажици сенф, 200 мл. веганска павлака од соја, малку масло, малку сол, малку бибер и тестенини по желба.

Постапка:

Во тава со загреано масло се пропржуваат печурките и сечканиот лук .

Состојките се зачинуваат со малку сол и бибер и се пропржуваат се додека не излезе водата од печурките.

Потоа се намалува температурата и се додава белото вино.

Состојките се пропржуваат уште неколку минути и се додаваат  сенф и веганска павлака.

Сите состојки се пропржуваат уште неколку минути и се сервираат со тестенини по желба.

Најатрактивната српска пејачка се разболе од голите нозе и скудната облека (ФОТО)

Најатрактивната српска пејачка , Катарина Грујиќ ги смени своите животни навики од корен , откако 15 дена мораше во болница да се лекува порадиразгоелмните нозе и оскудната облека.

"Голите нозе и оскудната гардероба на минус 20 ми го зедоа здравјето. После сè што ми се случи, решив дека повеќе нема да правам такви работи. Не можам да кажам дека ќе носам долна облека во иднина, или чорапи кога сум во сандали, но ќе одам на бина директно од  автомобилот и по настапот ќе одам дома да спијам.Нема веќе да одам боса, да излегувам, да останам до наутро ... сигурно тоа веќе нема да си го дозволам “, изјави пејачката за Ало, со надеж дека и другите пејачки ќе ја следат.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Nightout in #mykonos 🎀🇬🇷

A post shared by Katarina Grujić (@katarinagrujic.doll) on

"Добивав терапија четири пати на ден и тоа многу силни антибиотици. Овие терапии се многу тешки, па јадев и спиев лошо. Иако го имате целото време на овој свет да размислите, вие размислувате само за вашето здравје и се молите да се подобри “, заклучи таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#aboutlastnight 💎 @ria.couture

A post shared by Katarina Grujić (@katarinagrujic.doll) on

Катарина заврши во болница кон средината на август по нападот на страшна болка. Лекарите заклучиле дека станува збор за тешко воспаление на бубрезите, па таа морала да помине 15 дена во болница.

Северина на масажа (ФОТО)

Северина Којиќ се одмора од напорната сезона и приватните проблеми со масажа.

Хрватската пејачка Северина објави жешки фотографии пред заминувањето на масажа , каде таа е облечена во костум со леопард принт .

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Victoria’s secret who? 😈 #sunkissed #summer #severina #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Фотографијата меѓу фановите предизвика стотици пофалби и реакции на беспрекорната линија на 47 годишната пејачка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Summer time🐠💦 #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

На нејзиниот Инстаграм Севе редовно ова лето објавува фотографии со најновите модни трендови за на плажа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Pazi kaktusssss🌵#volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Нема промена на врвот : Скарлет Јохансон и годинава е најплатена актерка

На листата на Форбс за најплатени актерки втора година по ред е убавата блондинка , Скарлет Јохансон.

34- годишната актерка , најпозната по улогата во филмот со најголема заработувачка во историјата ,,Одмназници-Завршница” , заработила 56 милиони долари од јули 2018 до јули годинава.

Ѕвездата на серијата ,,Современо семејство” ; Софија Вергара е на второ место со заработени 44,1 милиони долари , додека Рис Витерспун , продуцентка и актерка во серијата ,,Големи,мали лаги” e трета со заработувачка од 35 милиони.

Елизабет Мос , која глуми во серијата ,,Приказната на слугинката” и австралиската актерка Маргот Роби за прв пат се најдоа на оваа листа , при што првата заработила 24 , а втората 23,5 милиони долари.

Никол Кидман , Џенифер Анистон , Кејли Кјуко, Шарлиз Терон и Елен Помпео се меѓу десетте најплатени актерки бна листата на Форбс за годинава.

притисни ентер