Хаџихафизбеговиќ играл во претставата ,,Се сеќаваш ли на Доли Бел” во Камерниот театар 55 во Сараево. За време на претставата , актерот си го скинал мускулот на ногата , по што итно бил префрлен во болница.
Брзата помош интервенирала за време на замените на сцените , за да не се создаде непријатно чувство кај публиката. Тој со повредена нога играл две третини од претставата , по што морал да биде однесен во болница , поради силните болки. Публиката ништо не забележала.
Босанските медиуми наведуваат и дека репризите на претставата се откажани , најрано до април до кога актерот би застанал на нозе.