Форд укинува 5 000 работни места во Германија

Американскиот автомобилски гигант , Форд ќе укине 5 000 работни места во погоните во Германија.

Според писмото на директорот до работниците , ваквата најава била составен дел на реструктуирањето во Европа , најавено уште во јануари , за да се заштеди најмалку 500 милиони долари , извеси агенцијата ДПА , повикувајќи се на писмото на директорот на Форд.

Целта на овој потег е пoвторно да се работи со позитивни резултатати.

Форд во Германија вработува околу 24 000 работници , а само во Келн има 18 000 вработени.

Зошто Амстердам веќе не ги сака туристите?

Амстердам , познат по толерантната култура , радикално ги менува ставовите кон милионите туристи кои годишно го посетуваат овој холандски град на каналите.

Амстердам им порачува на туристите да го избегнуваат и да одат на друго место. Иако туризмот и посетите на Амстердам годишно и носат на холандската економија дури 82 милијарди евра , сепак не сакаат нивниот град да се претвори во Венеција. Жителите на Амстердам се плашат дека преголемиот број туристи би можел да ја уништи душата на градот.

,, Ние сме под голем притисок. Не сакаме да се претвориме во Венеција. Туристите премногу го сакаат напшиот град и го посетуваат во преголем број. “ , вели архитектката Елен ван Лоон.

Поради евтините авионски летови , се очекува бројот на туристи и натаму да расте , што ги загрижува жителите на овој град и затоа рекоа дека е доста. Но , според туристичките експерти , бројот на гости и натаму ќе расте.

Ако во 2018 Амстердам имал 18 милиони гости , во 2030 тој број ќе достигне до 42 милиони. Поради ваквата опасност холандските власти решија да престанат да го рекламираат Амстердам , а воведоа и ограничувања на местата за забави и на капацитетите за сместувања.

Најголемиот холивудски предатор на силуваните жени им нуди 44 милиони долари

Продуцентот Харви Вајнштајн и неговото продуцентско студио постигнаа договор со жените , кои му поднесоа тужби за сексуално злоставување.

Адвокатите на најголемниот холивудски предатор велат дека постигнале договор со жените да им исплатат вкупно 44 милиони долари за тие да ги повлечат граѓанските тужби и барањата за обесштетување.

 Меѓутоа, Вајнштајн упорно негира дека сексуално нападнал над 75 жени и тврди дека сите доброволно се согласиле на полов однос со него. Жртвите на познатиот холивудски продуцент во најголем број се млади актерки и други жени вработени во филмскиот бизнис , кои добивале работа доколку дозволат Вајнштајн сексуално да ги злоупотреби .

Пријавите се однесуваат на неколку декади наназад. Поради скандалот , Вајнштајн доби отказ од својата истоимена продуцентска компанија и е исфрлен од американската Академија за филмска уметност.  

Фејсбук планира да воведе своја криптовалута и начин на плаќање

Компанијата Фејсбук ги привршува плановите за лансирање сопствена криптовалута и систем за дигитална наплата во десетина земји во првиот квартал на 2020 година.

Гигантот на социјалните мрежи до крајот на годинава планира интерно да го тестира овој систем наречен Global Coin. Се очекува деталите од овој план да бидат објавени летово.

Основачот на Фејсбук , Марк Закерберг минаиот месец верќе разговарал со директорот на британската Централна банка,Марк Карни за ризиците и можностите што ги носи криптовалутата.

Компанијата преговара со други компании за трансфер на пари како што е Western Union,за да договорат што поефтини и побрзи трансфери на пари за граѓаните без банкарски сметки.

притисни ентер