Кристијано Роналдо се враќа

Кристијано Роналдо ен играл за португалската репрезентација уште од поразот од Уругвај во осмина финалето на Светското првенство во Русија , односно цели девет месеци.

И без него , Португалија оствари три победи и три изедначувања и се пласира во завршницата на Лигата на нациите во јуни. Но, следната недела почнуваат квалификациите за Еуро 2020 и Роналдо се враќа во националниот дрес.

Селекторот Фернандо Сантос го повика на натпреварите со Украина и со Србија во Лисабон.

Со 85 постигнати гола , Роналдо е најдобар стрелец во историјата на португалската репрезентација, а се враќа токму кога е во најдобра форма сезонава .

Почна 33-тиот Охридски пливачки маратон

Дваесет и еден од 22 пријавени пливачи точно на пладне влегоа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 33-тиот меѓународен Охридски пливачки маратон.

Четиринаесет пливачи и осумте пливачки од седум држави ќе треба да ги испливаат 25-те километри колку што е долга патеката „Климе Савин", од Свети Наум низ десет контролни точки до целта кај Градското пристаниште во Охрид.

Моменталните временските услови засега се идеални за добра трка, водата на езерото е мирна со температура од 24 степени. Во такви услови на пливачите за да стигнат до целта ќе им бидат потребни околу четири до четири и пол часа.

Македонската пливачка експедиција оваа година ја сочинуваат Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски и младиот Леонид Мишевски. Поп Ацев после три одржани маратони во рамки на серијата на ФИНА е на второто место, со само три бода заостанување зад Едуардо Стокино од Италија кој исто така денеска плива во Охрид,

Во водите на Охридското Езеро е и французинот Аксел Рејмонд, двократниот светски првак во пливање на 25 километри од Будимпешта и Гуанжу, како и рекордер на 30-километарскиот Охридски маратон (2013 г.) што до пред две години се пливаше тука.

Наградниот фонд за маратонот што се плива под покровотелство на Претседателот на Република Северна Македонија изнесува 15 илјади долари. Охридскиот маратон е четврти од серијата шест трки што се одржуваат во рамки на „Гран-при" серијата на отворени води на ФИНА. До крајот на оваа сезона после маратонот во Охрид преостануваат уште трките во Хрватска и во Италија./МИА

Илјадници навивачи на Келн ја исполнија катедралата со молитва за клубот (ВИДЕО)

Германскиот фудбалски клуб Келн се врати во првата Бундес лига, е пред почетоткот на најважниот натпревар во сезоната , неговите фанови ја наполнија најпознатата катедрала и пееја молитва и ја испеаја клупската химна. 

Над 4 500 навивачи на Келн ја наполнија катедралата Св. Петар , една од најголемите цркви на светот, за да се помолат за успех на клубот .

Пред почетокот на натпреварот против Борусија од Дортмунд , бнавивачите во црквата ги раширија клупските шалови и ја испеаја химната на Келн.

Но , очигледно молитвата не им успеа , зашто изгубија со 1:3 , па сепак навивачите направија гест за почит.

Серена ја исполни заканата – Судијата Рамос веќе нема да и суди

Органзиаторите на УС Опен , последниот Гренд Слем сезонава што почнува во понеделник во Њујорк , решија шпанскиот судија Алберт рамос да не суди на настапите на Серена Вилијамс.

Американската тенисерка во минатогодишното финале се испокара со судијата Рамос, му се закануваше и го навредуваше , а во еден момент му рече и дека никогаш повеќе нема да суди на нејзини настапи.

"Ова не е првпат да направиме нешто слично со цел да го направиме турнирот што е можно поквалитетен и подобар. Значи, најдобро е и за играчите и за судиите. Со оглед на сето ова, решивме дека Алберт нема да им суди на натпреварите на Серена", рече шефот на судиите на турнирот Сорен Фримел.

притисни ентер