Исламисти со јајца ги гаѓаа учесниците на ЛГБТ фестивалот во Тузла

Меѓународниот фестивал на queer филм и уметност ,,Мерлинка” почна вечерва во Тузла , откако интервенираше полицијата за да ги спречи демонстрантите , исламисти , да дојде до поголем инцидент.

Пред свеченото отворање се одржаа протести на припадниците на селефиското муслиманско движење , кои рекоа дека се противат на ЛГБТ популацијата во Тузла.

Со повици ,,Алах акбар” , свирчиња и транспаренти , тие се обидоа да го спречат одржаувањето на дводневниот меѓународедн фестивал.

Со хомофобни пораки тие гаѓаа со јајца кон учесниците на фестивалот , се додека полицијата ги оддалечи од ателјето каде се одржува филмскиот фестивал , посветен ан ЛГБТ заедницата.

Работа има, но нема кој да работи

Работа има, но нема кој да работи. Струките кои се бараат на пазарот воопшто не соодветствуваат  со она што се нуди.   

Како еден од проблемите за оваа состојба е тоа што државава лошо менаџира со образовниот систем, смета универзитетскиот професор Гадаф Реџепи.

„Бројот на студенти во  2005 година изнесувал 48 000, а денес е 56 000 односно, што значи дека за 8000  студенти сме отвориле 95 нови факултети. Буџетот во образованието  за десет години се зголемил за 120 проценти  и овде станува збор за лошо менаџирање во овој дел, рече Реџепи, порачувајќи дека новиот закон за работни односи треба да одговори на новите економси околности, вели Гадаф Реџепи, универзитетски професор.  .

Вицепремиерот Анѓушев се согласува со експертската јавност. Иако невработеноста паднала под 20% - смета дека треба да се стави поголем акцент на стручното образование. Уверува дека Владата прави напори да го реши проблемот.

-Да престанеме да се залажуваме дека 95 проценти  е здраво за едно опшеттсво а не е  и за нив самите дека треба да одат на универзитет, не е сета среќа во тоа, подобро  е да имате знаење и струка и со неа добро да живеете  и заработувате од вашата 18 или 19 година отколку да завршите универзитет кој нема да биде почитуван и од кој на крај  ќе добиете диплома со која не ќе знаете што да правите ако е несодветна на реалната состојба во државата, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања..

Бизнисмените се децидни дека за успешна економија и поголема конкуренција на фирмите најважна е работната сила.

Анкетата на УСАИД покажала дека од 518 компании - дури половината имаат негативен став за законот за работни односи и тоа најмногу малите фирми. Според нив- иницирање на нов закон, може да биде лек и да го спречи одливот на мозоци.

Научниците пронашле решение – реките ќе се чистат со пепелот од РЕК Битола!

Речиси сите реки се загадени, констатирани и високи концентрации на хром.

Хемискиот елемент шестовалентниот хром е метал кој е многу штетен за здравјето на луѓето тој е токсичен и канцероген и многу често го има во реките.

На технолошко-металуршкиот факултет во лабораторијата за испитување на води тимот на професори и асистенти со начуно достигнување. Според истражувањата во водата каде има токсичен хром се става трепел кој е се наоѓа на површинскиот слој кој се зема од коповите на јаглен од РЕК Битола и целосно го отстранува хромот од водата.

Професорите Лисичков и Кувенџиев велат дека ова е навистина спас за реките да не останат загадени.

Професорот Стефан Кувенџиев покажа како во розевата обена вода каде има хром стави трепел  и по одреден период и прочистување водата стана сосема нормална боја без хром.

Хромот предизвикува сериозни нервни и канцерогни заболувања кај човекот. Во Македонија најмногу реките се загадени од фабриките кои работат со метали и хемикалии.

Статусот на СЈО и судбината на истрагите главни разлики меѓу власта и опозицијата

Премиерот Зоран Заев не се откажува од Специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим. 

Во интервју за МИА во врска со преговорите околу иднината на СЈО, Заев вели дека е подгвотвен да разговара за секое аргументирано прашање. Оптимист е дека наскоро ќе се постигне решение, но дециден и непроменет е во ставот за Јанева.

 -Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време.-Зоран Заев – Премиер на РСМ.

По средбата на работните групи од понеделникот на виделина излегоа две крупни разлики. Додека опозициската ВМРО ДПМНЕ бара СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал и корупција, за власта тое е неприфатливо. Несогласувања има и околу случаите преземни или отворени по јуни 2017, за кои опозицијата смета дека треба да се затворат а ако треба пак да ги отвори редовното обвинителство. Дека има сериозни разлики потврди и владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Статусот на СЈО е еден од клучните услови за добивање на датум за преговори со Европската Унија во јуни. Политичкиот аналитичар Албер Муслиу смета дека решение ќе се најде и ќе се послушаат пораките на САД и ЕУ, а државните ќе се стават над партиските интереси.

ВМРО ДПМНЕ утре ќе ги достави нивните забелешки во форма на амандмани кои треба да се разгледаат на средбата предвидена да се одржи во петок.

притисни ентер