Срамно малку билети за навивачите на финалето на Лигата на шампионите

УЕФА и ФИФА постојано нагласуваат дека фудбалот се игра за навивачите , но и овој пат самите се демантираат.

Европската фудбалска унија објави дека за финалниот меч на Лигата на шампионите на навивачите на двата клуба ќе им бидат достапни само нешто повеќе од половината од капацитетот на стадионот на кој ќе се игра натпреварот на 1 јуни.

Стадионот на Атлетико , Ванда Метрополитано собира 63 000 гледачи , а двајцата финалисти ќе добијат само по 17 000 билети за продажба на своите навивачи .

Тоа значи дека оние ,,за кои се игра фудбалот” , ќе имаат на располагање 34 000 влезници од вкупниот број , 63 000.

Од другите влезници , само 4 000 ќе одат во слободна продажба , додека дури 25 500 ќе бидат поделени за организацискиот одбор на УЕФА, за националните сојузи , спонзорите и носителите на медиумски права.

Хамилтон поради Роналдо го прекрши своето правило во Ф1 (ВИДЕО)

Сезоната на Формула 1 продолжува со трката во недела на улиците на Монако.

Подготовките за една од највозбудливите трки на Формула 1 во сезоната веќе почнаа , а денеска беше одржан и првиот тренинг , на кој повторно доминираше екипата на Мерцедес.

Луис Хамилтон на денешниот тенинг имаше посебен гостин – фудбалерот Кристијано Роналдо. Португалецот заедно со својот син дојде да го поздрави шампионот во Формула 1 , па заедно се фотографираа.

Британецот тогаш направи нешто што е невообичаено за него. Во кокпитиот го стави синот на славниот фудбалер, Кристијано Роналдо Џуниор, што никогаш порано не му се случило.

Интересен податок за двајцат е дека се петкратни шампиони во своите спортови. Хамилтон има пет титули на светски шампион , а Роналдо пет пати ја освои Златната топка , награда за најдобар играч на светот.

Оди во пензија Бразилецот кого го сакаат фановите на Севиља, Рома и Реал

Бразилскиот фудбалер Жулио Батиста на Твитер објави дека оди во пензија по речиси 20 годишна успешна кариера.

Тој ја почна својата кариера во Сао Паоло во 2000 , каде многу бргу се проби на врвот и по три години замина да игра за Севиља. Таму стана еден од најдобрите во клубот , за потоа да го направи големиот трансфер во Реал за 20 милиони евра.

Таму се задржа три сезони , до 2008 , кога го освои шпанското првенство. Следната сезона замина во италијанска Рома , каде мина три години . До крајот на кариерата играше во Малага, Крузеиро, Орландо Сити и во романскиот Слуј.

Легендата на Манчестер Јунајтед доби статуа што не личи на него (ФОТО)

На вчерашен ден пред 73 години е роден Џорџ Бест, легендарен фудбалер на Манчестер Јунајтед, кој важи за најдобар британски фудбалер на сите времиња.

Овој Северен Ирец во неговиот Белфаст по повод роденденот доби статуа , изработена од скулпторот Тони Кари . Неговото дело наиде на жестоки критики кај фановите на Бест, кои не гледаат никаква сличност со легендарниот фудбалер.

Бест почина пред 14 години. Тој дебитираше за Црвените ѓаволи во 1963 година , по што два пати беа прваци на анционалната лига. Бест во 1968 беше прогласен за најдобар фудбалер на Европа, а истата година Јунајтед стана европски првак.

А веднаш потоа следуваше стрмоглавиот пад на легендата. Алкохолизам , коцкање , жени ... беа само некои од причините да престане да игра фудбал на само 25 годишна возраст.

притисни ентер