Дипломат на Гваидо : Почна интервенцијата , во Венецуела има над 20 000 странски војници

Во Венецуела веќе почна интервенцијата , изјави дипломатскиот претставник на самопрогласениот претседател Хуан Гваидо , Вилијам Давила-Валери.

,,Во Венецуела има над 20 000 кубански војници на важни локации . И навистина владеат. Имаме и колумбиски герилци , бунтовници кои контролираат делови ан земјата. Во Венецуела веќе интервенираат странските сили.” Давила – Валери оваа изјава ја даде од позиција на амбасадор во Виена , именуван од Народното собрание , со кое раководи Гваидо за дипломат на Венецуела за овој дел од Европа.

Тој е комјутерски инженер , без дипломатско искуство , кој студирал на универзитетот во Мадрид ,а магистрирал меѓународни односи на универзитетот Туфтс во САД.

Иако Австрија , како и повеќето земји на ЕУ , го признаа Гваидо за претседател , Давила-Валери  нема пристап во амбасадата на Венецуела , каде се уште се наоѓа амбасадорот на оваа земја именуван од претседателот Николас Мадуро.

Затоа Давила-Валери сега во Австрија има титула ,, дипломатски претставник на претседателот Гваидо”.

Од Словенија протерани тројца мажи поради врски со радикалниот исламизам

Тројца мажи по потекло од Босна и Херцеговина, биле протерани од Словенија, поради врски со радикалниот исламизам.

Тие се вратиле во матичната земја, а полицијата од БиХ размислува какви мерки ќе презеде кон нив, пренесе „Хина“.

Се работи за тројца браќа кои живееле и работеле како возачи во Словенија, а биле протерани со објаснување дека претставуваат закана за безбедноста на државата.

Почна акцијата „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка

Неколку стотици граѓани од различни возрасни групи учествуваа на денешната голема акција за собирање смет „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка.

Неколку стотици граѓани од различни возрасни групи, од ученици и спортисти, преку извидници и волонтери на Црвениот крст, наставници и професори, административни работници до планинари и пензионери учествуваа на денешната голема акција за собирање смет „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка.

Акцијата ја организира локалната самоуправа во соработка со граѓански организации и јавното претпријатие „Комуналец".

Градоначалникот Борјанчо Мицевски изрази задоволство од одѕивот на граѓаните и најави дека акцијата ќе се реализира слендите два месеца.

Се чистеше спортскиот терен, јавните површини, дворовите на колективни станбени згради и уредениот и неуреден дел од Домачки дол. Граѓаните ги чистеа и своите дворови и подруми, депонирајќи го непотребниот шут и опасниот електронски и електричен отпад. /МИА

Спречен обид за напад врз фински министер

Финската полиција соопшти дека нејзини припадници спречиле обид за напад на еден „опасен и агресивен маж”  врз министер во Владата на Финска за време на еден предизборен собир.

Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека полицијата не објавила за кој министер станува збор, а фотографот на локалната агенција „Лехтикува“ изјавил дека бил нападнат министерот за надворешни работи, Тимо Соини.

„На основа на првите информации, агресивен и опасен маж се обиде да му пријде на министерот на изборниот собир на локалниот маркет во Корса во Ванта“ – соопштила полицијата.

Полицијата го привела мажот и тој моментално е на распит за да ги објасни причините за нападот на министерот.

На фотографијата која ја објави агенцијата „Лехтикува“ може да се види маж во црна кошула, на која се наоѓа логото „Војници на Один“.

„Војниците на ДОин“ е организација позната по десничарските и антимиграциските ставови.

Портпаролот на Соини одбил да даде коментар, а ниту полицијата не навела дали напаѓачот бил наоружан.

  

притисни ентер