Му покажала среден прст на полицаец и наместо казна судиите ја пофалиле

Сојузниот Апелациски суд во американската држава Мичиген едногласно пресуди во корист на жена , која му покажала среден прст на полицаец , што ја запрел поради сообраќаен прекршок.

Дебра Крус-Гилиас во 2017 била запрена во Детроит за мал сообраќаен прекршок, а полицаецот Метју Минард и напишал казна. Жената тогаш му покажала среден прст , по што полицаецот повторно ја запрел и и напишал далеку поголема казна за пребрзо возење.

Таа поднела тужба , сметајќи дека се нарушени нејзините права на слободно изразување , како и правото против неразумно задржување.

Тричлениот судски совет пресуди во нејзина корист , со напомена дека полицаецот можел и поинаку да реагира во таква ситуација.

Сам , болен и заборавен , Метју Пери го прослави 50. роденден

Метју Пери , кого публиката во целито свет го знае по улогата на Чендлер во серијата ,,Пријатели” , го слави денеска 50. роденден.

Последните години за Пери се пишува само како шета по улици , неуреден и нечист. Холивудскиот актер , кој четири пати беше номиниран за наградата Еми , никогаш не криел дека се бори со депресија и зависности. Минатата година поради прскање на цревата помина три месеци во болница. Последниот филм го снимил пред десет години , а во серијата ,,Пријатели” последен пат се појави во 2017.  

Пред десетина години лобираше на американскиот Конгрес да обезбеди 45 милиони американски долари за центри каде што нелегалните зависници ќе бидат лекувани наместо да бидат испратени во затвор. Тој го претвори својот дом во Малибу во куќа за зависници од дрога наречена „Пери Хаус“, но поради трошоците мораше да го затвори и да го продаде.

Потоа откри дека страда од акутен панкреатит, болест  алкохоличари и зависници од дрога. Кога Лук Пери почина во март, многу луѓе погрешно заклучија дека починала ѕвездата  на „Пријатели“ , што во никој случај не помага да се поправи неговата кариера.

Таблоидите заклучија дека Холивуд заборавил на Метју Пери затоа што сега тој изгледа како вистинска личност со вистински проблеми, а таквите луѓе не се интересни за индустријата за соништа.

Родители на албино близначиња се преселија 3 000 милји подалеку за да ги заштитат од УВ зрачењето (ВИДЕО)

Ели и Рајан Мек Нален имаат седум деца, но за новородените близначиња се преселија илјадници милји подалеку.

Американците Ели и Рајан Мек Нален се преселија од местото Гилберт , Аризона на островот Преск во американската држава Меин. Тие заминаа н апат долг 3 000 милји само за да ги спасат своите албино близначиња од штетното УВ зрачење.

Докторите им кажале дека во нивниот град во сончевата Аризона ќе биде многу тешко да растат 18- месечните Олдри и Аргон. Минатата година на близначињата им било дијагностицирано дека се албино , односно немаат пигмент меланин.

За да не дојде до оштетување на нивната кожа и очите , родителите решиле целото семејство да се пресели на крајниот север на САД.

Роналдо објави што му прави Георгина наутро (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо објави фотографии и видео на кои се гледа што му прави Георгина наутро.

Фудбалерот објави видео на кое се гледа утринскиот ритуал во кој Георгина му ги загрева мускулите на нозете со инфрацрвено светло.

Убавата Георгина е во тренерки и во домашна атмосфера , додека Роналдо ужива легнат на под , гледајќи фудбал. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Recovery time with love 💪🏻❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

притисни ентер