Марс на фотографиите на роверот пред да ја заврши неверојатната мисија

Роверот на НАСА Opportunity, кој веќе не работи, пред да замре, прати нови фотографии од Марс , на кои се гледаат интересни детали од Црвената планета.

Пред да ја прекине својата работа, роверот Opportunity ја сними прошталната фотографија од Марс. На деталната фотографија се гледаат последните траги од роверот , пред засекогаш да запре и просторот пред него по кој уште долго нема да зачекори никој.

Сега веќе култниот ровер Opportunity е еден вид феномен во вселенските истражувања, зашто се движеше по Марс далеку подолго време од планираното. Роверот имаше мисија што требаше да трае 90 дена , , но на крај издржа цели 15 години.

Фотографијата од 360 степени роверот ја испрати во мај минатата година , а со последната енергија ја испрати на Земјата. Во текот на 29 дена роверот фотографирал делчиња од околината во низа од 354 фотографии , пред да ги прати во НАСА.

Царинските службеници во Грција ќе одржат 48-часовен штрајк следната седмица

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк.

Дводневен штрајк за 2 и 3 април закажаа грчките царинските службеници, што ќе влијае и на сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, поради 48-часовниот штрајк на цариниците целосно ќе биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, додека пак во однос на автомобилите, не е исклучена можноста возилата повремено да се пропуштаат, нешто што ќе се дефинира и појасни непосредно пред почетокот на штрајкот.

Паоло Малдини би можел да се врати во Милан

Легендата на Милан, Паоло Малдини може да се врати во клубот.

Според „pianetamilan.it“ под фотографијата објавена од сопругата на Малдини, Адријана, се појавило прашање дали да го очекуваме функционерот во клубот од Милано. Сопругата на Малдини стави смајли што може да се протолкува како „наскоро“.

Милан го отпушти Малдини во летото 2023 година. Неговите играчки денови во Милан траеја од 1984 до 2009 година. Во овој период со клубот освои 26 трофеи, од кои седум победи во италијанското првенство и пет во Лигата на шампионите.

Малдини ја презеде функцијата технички директор во 2019 година, а од 2018 година работи како директор за стратешки развој. Вкупно, тој помина 36 години во Милан во различни статуси.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

притисни ентер