Убиецот од Нов Зеланд им се одмаздил на исламистите за убиството на 11 годишно девојче во Стокхолм

Масовниот убиец во џамиите во Нов Зеланд , кој уби 49 муслимани . бил опседнат од патувања , од историјата на Балканот и од теретани.

Австралијанецот Брентон Тарант (28) , кој го изврши терористичкиот напад во двете џамии на Нов Зеланд се одмаздувал за терористичкиот напад во Стокхолм во 2017 и убиството на 11 годишното девојче Иби Акерлунд. На неа во Стокхолм со камион налета Узбекистанец и уби уште три лица. Тарант вели дека девојчето само се враќало од училиште и не заслужува да биде жртва.

Инаку тој објавил манифест на 74 страници , во кој ги објаснува причините за нападот. Австралијанецот ги споменува Србите , Балканот и Косово , а доказ за неговата приврзаност е и оружјето и кутијата за муниција , каде имало написи на кирилица и на српски јазик.

Тој ги напишал српските историски и епски ликови на кирилица цар Лазар , МИлош Обилиќ и други. Од манифестот се заклучува дека тој бил опседнат со надмоќноста на белата раса над другите , а особено над муслиманите. Бил инспириран од делата на Норвежанецот Андерс Брејвик, кој во 2011 изврши масакр и уби 77 млади лица , најмногу Норвежани.

На социјалните мрежи тој објави и како тргнува во напад на џамиите и тоа со српската песна ,, Од Бихаќ до Петровец” , во која се споменува Радован Караџиќ.

Тарант го минал детствоото во местото Графтон во Нов Јужен Велс во Австралија. Татко му бил професионален спортист со учество на 75 триатлони , а починал од рак во 2010 година на 49 годишна возраст. Мајка му живее во истото гратче.

Тој од 2009 работи како фитнес тренер , но дал отказ за да патува по светот. На патувањата бил низ Европа , југоисточна и источна Азија , како и во Северна Кореја.

Црногорската полиција заплени 233 килограми марихуана

Црногорската полиција на граничниот премин Ранче со Србија уапсила дваесет и деветгодишен маж од Беране со иницијали Д.Д. поради обид за криумчарење на 233 килограми марихуана.

Дрогата била откриена при контрола на возилото „мерцедес спринтер“ со никшички регистерски таблички, со кои управувал Д.Д. наведува во заедничкото соопштение црногорската царина и полиција.

Марихуаната била сокриена во специјално изработен бункер во возилото.

Од Словенија протерани тројца мажи поради врски со радикалниот исламизам

Тројца мажи по потекло од Босна и Херцеговина, биле протерани од Словенија, поради врски со радикалниот исламизам.

Тие се вратиле во матичната земја, а полицијата од БиХ размислува какви мерки ќе презеде кон нив, пренесе „Хина“.

Се работи за тројца браќа кои живееле и работеле како возачи во Словенија, а биле протерани со објаснување дека претставуваат закана за безбедноста на државата.

Почна акцијата „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка

Неколку стотици граѓани од различни возрасни групи учествуваа на денешната голема акција за собирање смет „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка.

Неколку стотици граѓани од различни возрасни групи, од ученици и спортисти, преку извидници и волонтери на Црвениот крст, наставници и професори, административни работници до планинари и пензионери учествуваа на денешната голема акција за собирање смет „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка.

Акцијата ја организира локалната самоуправа во соработка со граѓански организации и јавното претпријатие „Комуналец".

Градоначалникот Борјанчо Мицевски изрази задоволство од одѕивот на граѓаните и најави дека акцијата ќе се реализира слендите два месеца.

Се чистеше спортскиот терен, јавните површини, дворовите на колективни станбени згради и уредениот и неуреден дел од Домачки дол. Граѓаните ги чистеа и своите дворови и подруми, депонирајќи го непотребниот шут и опасниот електронски и електричен отпад. /МИА

притисни ентер