Филипче врачи признанија на три општински организации на Црвениот крст

Плакети за исполнет план за крводарување во 2018 година им беа врачени на Општинските организации на Црвениот крст Велес, Виница и на Центар од Скопје.

Признанијата им ги врачи министерот за здравство Венко Филипче, по повод 17 Март, Денот на формирањето на Црвениот крст и Денот на крводарителството.

Во своето обраќање до присутните на свеченоста министерот Венко Филипче рече дека во рамките на Министертвото функционира Програмата за крводарителство и искажа гордост што значајно е зголемен буџетот за оваа програма од 15 милиони денари на 25 милиони денари.

– Сите програмски активности во рамките на оваа програма ги извршуваме заедно со Црвениот крст и ја користиме нивната експертиза и искуства за организирање на крводаритлските акции. Се печатат брошури и подигнува свеста меѓу населението за крводарителството. Воедно со нив работиме и за зачувување на јавното здравје на населението, посебно во услови на високи или ниски атмосферски температури. Имаме значајно искуство во пружање на Итната помош. Имаме одлично организирана акција која според карактеристиките беше препознаена од Светската здраствена организација, а се спроведе со Здравствен дом од Куманово, информира Филипче.

Потенцира дека преку нивната програма се реализираат и бројните акции за крводарување.

– Со Црвениот крст имаме значајни активнисти за унапредување на јавното здравје во услови на високи и ниски атмосферски температури. Драго ми е што доделуваме благодарници на хумани луѓе и организации, бидејќи тоа е чин со кој се спасуваат многу животи и семејства и искрено се надевам дека и оваа наша соработка со нив ќе продолжи да се унапредува, истакна Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека наредната недела ќе имаат состанок со Црвениот крст на Македонија со кој планираат продолжување на соработката и во други сфери, пред се во пружање на Итна помош, формирање сервиси за парамедикс во рамки на израелската програма за што ќе почнат тренинг веќе следната недела. Појасни дека според програмата, ќе бидат тренирани наши доктори и медицински сестри и останатиот перосонал кој може да се вклучи во пружањето Итна помош.

Претседателот на Црвениот крст на Македонија, Ромел Велев истакна дека на ниво на земјава се собрани 57.000 крвни единици, а колку и што се потребите во земјава, иако имаат можност да соберат и повеќе.

– За годинава го надминаме просекот од 103 отсто или 57.000 единици крв, хуманите луѓе се многубројни, а тоа можевме да го видиме и по несреќата кај село Ласкарци, додаде Велев. /МИА

Работа има, но нема кој да работи

Работа има, но нема кој да работи. Струките кои се бараат на пазарот воопшто не соодветствуваат  со она што се нуди.   

Како еден од проблемите за оваа состојба е тоа што државава лошо менаџира со образовниот систем, смета универзитетскиот професор Гадаф Реџепи.

„Бројот на студенти во  2005 година изнесувал 48 000, а денес е 56 000 односно, што значи дека за 8000  студенти сме отвориле 95 нови факултети. Буџетот во образованието  за десет години се зголемил за 120 проценти  и овде станува збор за лошо менаџирање во овој дел, рече Реџепи, порачувајќи дека новиот закон за работни односи треба да одговори на новите економси околности, вели Гадаф Реџепи, универзитетски професор.  .

Вицепремиерот Анѓушев се согласува со експертската јавност. Иако невработеноста паднала под 20% - смета дека треба да се стави поголем акцент на стручното образование. Уверува дека Владата прави напори да го реши проблемот.

-Да престанеме да се залажуваме дека 95 проценти  е здраво за едно опшеттсво а не е  и за нив самите дека треба да одат на универзитет, не е сета среќа во тоа, подобро  е да имате знаење и струка и со неа добро да живеете  и заработувате од вашата 18 или 19 година отколку да завршите универзитет кој нема да биде почитуван и од кој на крај  ќе добиете диплома со која не ќе знаете што да правите ако е несодветна на реалната состојба во државата, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања..

Бизнисмените се децидни дека за успешна економија и поголема конкуренција на фирмите најважна е работната сила.

Анкетата на УСАИД покажала дека од 518 компании - дури половината имаат негативен став за законот за работни односи и тоа најмногу малите фирми. Според нив- иницирање на нов закон, може да биде лек и да го спречи одливот на мозоци.

Научниците пронашле решение – реките ќе се чистат со пепелот од РЕК Битола!

Речиси сите реки се загадени, констатирани и високи концентрации на хром.

Хемискиот елемент шестовалентниот хром е метал кој е многу штетен за здравјето на луѓето тој е токсичен и канцероген и многу често го има во реките.

На технолошко-металуршкиот факултет во лабораторијата за испитување на води тимот на професори и асистенти со начуно достигнување. Според истражувањата во водата каде има токсичен хром се става трепел кој е се наоѓа на површинскиот слој кој се зема од коповите на јаглен од РЕК Битола и целосно го отстранува хромот од водата.

Професорите Лисичков и Кувенџиев велат дека ова е навистина спас за реките да не останат загадени.

Професорот Стефан Кувенџиев покажа како во розевата обена вода каде има хром стави трепел  и по одреден период и прочистување водата стана сосема нормална боја без хром.

Хромот предизвикува сериозни нервни и канцерогни заболувања кај човекот. Во Македонија најмногу реките се загадени од фабриките кои работат со метали и хемикалии.

Статусот на СЈО и судбината на истрагите главни разлики меѓу власта и опозицијата

Премиерот Зоран Заев не се откажува од Специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим. 

Во интервју за МИА во врска со преговорите околу иднината на СЈО, Заев вели дека е подгвотвен да разговара за секое аргументирано прашање. Оптимист е дека наскоро ќе се постигне решение, но дециден и непроменет е во ставот за Јанева.

 -Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време.-Зоран Заев – Премиер на РСМ.

По средбата на работните групи од понеделникот на виделина излегоа две крупни разлики. Додека опозициската ВМРО ДПМНЕ бара СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал и корупција, за власта тое е неприфатливо. Несогласувања има и околу случаите преземни или отворени по јуни 2017, за кои опозицијата смета дека треба да се затворат а ако треба пак да ги отвори редовното обвинителство. Дека има сериозни разлики потврди и владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Статусот на СЈО е еден од клучните услови за добивање на датум за преговори со Европската Унија во јуни. Политичкиот аналитичар Албер Муслиу смета дека решение ќе се најде и ќе се послушаат пораките на САД и ЕУ, а државните ќе се стават над партиските интереси.

ВМРО ДПМНЕ утре ќе ги достави нивните забелешки во форма на амандмани кои треба да се разгледаат на средбата предвидена да се одржи во петок.

притисни ентер