Германска амбасада: Изјавите на Мицкоски за Нирнбершките процеси се неприфатливи

По американската, и германската амбсада реагира за изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, кој пред два дена во интервју судењето за 27 април го спореди со Нирнбершките процеси.

Неприфатлива и опасна изјава вака германската и американската амбасада во земјава реагираа на споредбата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски на судењето за 27-ми април со нимбершките процеси против нацистички злосторници.

„Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со нирнбершките процеси е несоодветна. Со тоа се минимизираат делата на наци -  злосторниците. Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за нирнбершките процеси се целосно неприфатливи“, се вели во реакцијата од германската амбасада која доаѓа откако претходно реагираше и амбасадата на САД кои оценија дека користењето на таков говор е опасно и не придонесува за продуктивен дијалог за насоката на државата

Од партијата велат дека изјавата на Мицкоски  е разбрана во сосема погрешен контекст.

„Би сакале да појасниме дека паралелата се прави во преносна смисла на зборот и тоа во два дела: прво се однесува на опфатот на луѓе и второ се однесува на драконските казни... а никако по суштината на престапот. Јасно е дека првото се однесува на тешки дела против човештвото, а она што се случува тука во Македонија се политички монтирани случаи“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели се работи за несмасна изјава. Додека аналитичарот Владимир Божиновски цени дека станува збор за превид.

Нирнбершките процеси се серија од воени трибунало спорведни од Сојузничките сили согласно меѓународното и военото право по Втората светска војна. Судењата се познати по осудувањето на членови на политичкото, военото, судскот и економското раководство на Нацистичка Германија кои го планирале, спровеле или на некој друг начин учествувале во Холокаустот и други воени злодела.

Трајковски предложен за нов член на УО на Еуростандард банка

Горан Трајковски е предложен за нов член на Управниот одбор на Еуростандард банка АД Скопје по препорака на Надзорниот одбор на банката.

Процедурата за именување на Трајковски како член на УО на банката е во тек, информираат од Еуростандард банка.

Оттаму соопштуваат дека Зоран Николовски, долгогодишен член на Управниот одбор на банката, поради приватни причини се повлекува од функцијата Член на Управниот одбор. Својата експертиза, Николовски ќе продолжи да ја споделува како советник на Управниот одбор на Еуростандард банка.

Николче Петкоски останува на функцијата Претседател на УО на Еуростандард банка.

Собранието денеска ја констатира оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци на негово барање. Трајковски во оставката, која во Собранието е доставена во петокот, пишува дека од лични причини си оди од ДЗЛП. 

Ангеловска-Бежоска – Османи: Народната банка е посветена на евроинтегративните процеси

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска оствари работна средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

На средбата било разговарано за заложбите на Народната банка за исполнување на насоките на Европската унија дадени минатата година во однос на Програмата за економски реформи.

На средбата, како што информираат од Народната банка, било нагласено дека регулативата и практиките во централнобанкарското работење кај нас се одликуваат со голем степен на усогласеност со европските.

Вицепремиерот Османи, посочил дека Народната банка, како независна институција во чија надлежност е монетарната политика, е една од клучните институции од кои се очекува да придонесат во создавањето на преговарачката структура и подготовката на државата за предизвиците на преговорите, особено во делот на економските поглавја.

Османи, исто така, изразил задоволство од досегашната соработка меѓу двете институции, особено во рамките на текот на т.н. објаснувачки скрининг, во чии рамки досега веќе се отворени неколку поглавја од сферата на економијата.

Ангеловска-Бежоска, нагласила дека Централната банка е цврсто решена да даде максимален придонес за приближувањето на нашата економија кон европското семејство.

– Посветено и континуирано работиме и на натамошно усогласување на регулативата којашто е во наша надлежност со регулативата на ЕУ. Особено би ги потенцирала промените во законската регулатива во однос на банкарскиот систем, коишто ќе придонесат за натамошно зацврстување на финансиската стабилност, како и промените коишто се однесуваат на платежните услуги и платните системи. Постојано сме посветени и на усогласувањето на централнобанкарската статистика со европските барања, изјави Ангеловска-Бежоска.

Во процесот на пристапување кон ЕУ, се вели во соопштението, централната банка активно учествува со свои претставници во националната преговарачка структура за пет поглавја од европското законодавство.

На средбата било нагласено дека во контекст на очекуваното забрзување на евроинтегративните процеси, Народната банка ќе продолжи со јакнењето на своите капацитети за да може и натаму да дава максимален придонес во чекорењето по европскиот пат на земјава.

Ангеловска-Бежоска и Османи, на средбата, изразиле задоволство од успехот на Република Северна Македонија, што го постигна влегувајќи  во втората фаза од спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ, што, како што се наведува во соопштението, создава исклучителен потенцијал за економското поврзување на земјава со земјите членки на Унијата, како важна основа во создавањето услови и потенцијали за полесен влез на странски директни инвестиции коишто доаѓаат од Унијата и воопшто, за унапредување на економската размена со ЕУ. 

Средба на Џафери со директорот на ИРИ за Европа

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска се сретна со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа, Пол Макарти, придружен од Овен Паун, резидентен директор на програмата.

Макарти се заблагодари на можноста за посета, воедно и за досегашната успешна соработка со Собранието, при што потврди дека и понатаму се отворени за продолжување на соработката.

Како што соопшти собраниската прес-служба, тој ги образложи програмските насоки, односно програмите за развој на истражувачките центри на политичките партии, комуникацијата и транспарентноста, каде спаѓа начинот како пратениците комуницираат со јавноста, меѓутоа и борбата против корупцијата. Посочи дека располагаат со широк дијапазон на експерти кои можат да помогнат и на пратениците, меѓутоа и на службата во контекст на идните предизвици кои не очекуваат, мислејќи на НАТО и ЕУ членството.

Џафери, потврди дека соработката со ИРИ е со долга традиција и рече дека и понатаму има секогаш простор за нови програми и заеднички проекти кои би биле од полза за развивање и негување на културата на дијалог помеѓу политичките партии во Република Северна Македонија.

Тој додаде дека ИРИ, освен со вклучување со поединечни проекти, може да ги обедини истите во заеднички проект во кој би биле опфатени не само поголемите политички партии туку и тие што не се организирани во пратеничка група или што немаат свои застапници во Собранието. Потоа, истиот дух на соработка да се пренесе и во законодавниот дом.

Средбата се заврши со взаемна согласност да се продолжи понатамошната комуникација за обликување на идната соработка.

притисни ентер