Вкупно 211 години затворска казна за 16 обвинети за „27 април“-Чавков осуден на 18 години затвор, Дурловски ослободен

Екс-министерот за внатрешни Чавков осуден на 18 години затвор, Нинџа на 8 години, а Дурловски ослободен.. По речиси две години од упадот во Собранието, судот пресуди 211 години затвор за 16 од вкупно 17 обвинети во случајот.

211 години затвор вкупно добија обвинетите за упадот во Собранието од 27 април 2017та. Од 17 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста највисока казна затвор доби првообвинетиот - тогашен шеф на БЈБ и носител на златната команда Митко Чавков 18 години. Неговите колеги Митко Пешов, Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви добија по 15 години. Оливер Поповски е осуден на 13 години, а Оливер Радулов на 10 години. Разузнавачот Мунир Пепиќ доби 15 години, а најмалку доби Абдуљфета Алими – 7 години бидејќи единствено тој според судот му помогнал на пратеникот Зијадин Села. Од оние кои со фантомки влегоа во Собранието, највисока казна добија Јане Ченто, Влатко Трајковски и Никола Митревски-Кољо - по 15 години затвор, Вилијам Михајловски доби 14 години затвор, Игор Југ, Младен Додевски и Горанче Анѓелковски по 12 години затвор. Александар Василевски-Нинџа доби 8 години затвор. Обвинителството не успеа да го докаже делото со кое го товареше оперскиот пејач Игор Дурловски, заклучи судијката Добрила Кацарска, па така тој е ослободен од обвинение.

ТЕЛОП Пресуди за 27 Април

Митко Чавков - 18 години затвор

Митко Пешов – 15 години затвор

Душко Лазаров – 15 години затвор

Горан Ѓошевски Леви – 15 години затвор

Оливер Поповски - 13 години затвор

Оливер Радулов - 10 години затвор

Мунир Пепиќ - 15 години затвор

Абдуљфета Алими – 7 години затвор

Јане Ченто – 15 години затвор

Влатко Трајковски – 15 години затвор

Никола Митревски-Кољо – 15 години затвор

Вилијам Михајловски - 14 години затвор

Игор Југ – 12 години затвор

Младен Додевски – 12 години затвор

Горанче Анѓелковски - 12 години затвор

Александар Василевски-Нинџа -8 години затвор

Игор Дурловски - ослободен од обвинение

Незадоволни од високите казни реагираа и обвинетите. Битката велат ќе ја водат преку жалба до Апелација.

Образложувајќи ја пресудата, судијата Кацарска срамно го нарече однесувањето на полицијата за време на упадот. Видео снимките и сведочењата покажаа дека се работи за однапред осмислено сценарио а мета на напаѓачите биле Зоран Заев и Зијадин Села но и Дамјан Манчевски, рече Кацарска.

По изречените пресуди Обвинителството побара продолжување на притворот но и да им се определи на оние кои имаа поблаги мерки.

12 животни лекции кои жените ги учат предоцна

 – Започнете ја навреме својата промена! 

Работата на вашето ментално здравје е исто толку важна како и работата на вашиот физички изглед, но многу дами во текот на животот го занемаруваат тоа.

Секој сака на улица да види убава жена, а повеќето сакаат да бидат во друштво на успешни и силни жени. Самодовербата не секогаш оди со изгледот, меѓутоа вашата слика за себе е нецелосна доколку ја немате. На патот кон успехот се соочуваме со многу предизвици и пречки, генерално, кога сме млади сè сфаќаме лично и честопати нашиот потенцијал и некои моменти не ги цениме доволно.

Созревањето е процес што трае, поради што многу жени многу доцна сфаќаат како би требало да реагираат или да се однесуваат во одредени ситуации. Затоа, важно е да работите на себе, да читате, да се едуцирате за полесно и помирно да надминете многу препреки во животот. Еве неколку одлични лекции за секоја жена, кои, за жал, повеќето ги учат предоцна.

1. Вашите зборови имаат тежина, затоа користете ги моќно.

2. Не сфаќајте сè лично. Луѓето често се преокупирани со своите мисли и искуства.

3. Ако се фокусирате на проблемите, ќе имате уште повеќе проблеми. Кога ќе се фокусирате на можностите, ќе имате повеќе можности.

4. Не е важно колку нешто ве боли во моментот, еден ден, кога ќе се осврнете наназад, ќе сфатите дека таа борба ви го направила животот подобар.

5. Секогаш ќе постои причина зошто сте запознале одредени луѓе. Или ви се потребни да го променат вашиот живот или вие да го промените нивниот.

6. Не плашете се да пробате нешто ново, бидејќи животот станува досаден кога останувате заробени во вашите граници на она што веќе го знаете.

7. Ако ве игнорира личност чие внимание многу ви значи, реакцијата во вашиот мозок е иста како физичка болка.

8. Понекогаш не ја сфаќате вредноста на моментот додека не стане спомен.

9. Откако ќе ги увидите работите за кои сте благодарни, ќе почнете да ги губите од вид работите што ви недостасуваат.

10. Ако не ги контролирате зборовите, нема да ја контролирате ни вашата иднина.

11. Животот е огледало и врз мислителот го рефлектира она за што размислува.

12. Единствената личност со која треба да се соочите наутро сте вие самите.

Извор: srecna.republika.rs

Доктор за младешкиот изглед на Анџелина Џоли (48): „Тоа се должи на една операција“

Анџелина Џоли го привлече вниманиото на неодамнешната премиера на Бродвеј на мјузиклот „The Outsiders“, чиј продуцент е и таа.

Нејзините фотографии од овој настан се проширија на социјалните мрежи, а фановите ја опсипуваа со коментари и напишаа дека е „најубавата жена на светот“ и дека изгледа „се помладо“.

Британскиот пластичен хирург Џони Бетериџ, кој често ги анализира лицата на познатите на социјалните мрежи, во видео на Инстаграм ја коментираше безвременската убавина на 48-годишната актерка.

„Анџелина има неверојатно убави црти на лицето“, истакна тој.

Тој ги спореди нејзините стари и нови фотографии и заклучи дека се видливи траги од естетската хирургија. Тој верува дека младешкиот изглед на Анџелина се должи на операцијата наречена „deep plane facelift“, која дава природен изглед. Имено, се работи за хируршка процедура која се користи за подмладување на лицето и вратот.

Џони претходно го анализираше лицето на Бред Пит откако луѓето на социјалните мрежи напишаа дека не им се верува колку добро изгледа актерот на 60 години.

Извор: Индекс.хр

Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика (24), кој колабираше на теренот поради болки во градите на натпреварот против Удинезе во неделата, ја напушти болницата во Удине.

„Новите прегледи покажаа дека тој не боледува од срцева патологија“, соопшти вечерва неговиот клуб.

Ндика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, опремена со дефибрилатор, кој не беше употребен. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска беше изнесен на носилки, во свесна состојба и веднаш беше пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат.

- На првиот и вториот степен на кардиолошки прегледи кои беа извршени не е откриена срцева патологија. Со оглед на последните прегледи направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со градна траума со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим“, соопшти Рома.

Дуелот беше прекинат при резултат 1-1, а италијанската лига до крајот на неделата мора да го објави датумот на завршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома е во трка за пласман во Лигата на шампионите, а Удинезе се бори за опстанок во Серија А. /МИА

притисни ентер