Нема нови потврдени случаи со бактеријата МРСА

Нема нови потврдени случаи со бактеријата МРСА информираат од Комисијата за заразни заболувања. 

Во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел ќе се прави вонредна дезинфекција и варосување на училиштето.

Епидемиолозите велат дека во училиштето и во градинката каде пред три дена беше потведена бактеријата МРСА се земени брисеви и да не се прави паника, да се слушаат докторите, а не социјалните мрежи.

Пред три дена во општина Бутел и во општина Чаир кај четворица беше потврдена бактеријата МРСА. Кај потврдените случаи се правела редовна контрола и никој од инфицираните нема проблеми со здравјето предзивикано од оваа бактерија.

Си играл со подземната железница- Њујорчанец 40 пати ги активирал кочниците (ВИДЕО)

Њујоршката полиција е во потрага по маж , кој дури 40 пати ги активирал кочниците за итни случаи во подземната железница.

Полицијата вчера ги објави фотографиите и видеото со мажот , кој неколку пати се возел на надворешниот дел од возот и без потреба ја повлекувал рачката за кочење на возот , што се користи само при вонредни ситуации.

Истиот човек од февруари наваму се забавува на таков начин и предизвикува тревога кај власттие и вознемниреност меѓу патниците.

Од полицијата велат дека ваквите ,,шеги” се зачестиле во април и во мај и апелираат до граѓаните на Њујорк да им помогнат во потрагата по мажот.

Новиот Терминатор со старите ѕвезди – се појави трејлерот (ВИДЕО)

Сара Конор се врати во најновото продолжение на Терминатор , заедно со нејзиниот партнер Арнолд Шварценегер.

По цели 35 години од првиот Терминатор , Сара Конор се појави во најновото продолжение , а денеска се појави и трејлерот за "Terminator: Dark Fate" .

Освен добро познатите ликови како Сара Конор , Арнолд Шварценегер и роботот Т-800 , новото продолжение ќе ги донесе и  новите ликови како Мекензи Дејвис која ја игра улогата на хибрид меѓу термионатор и човек. За прв пат ќе се појави и Габриел Луна , кој ја игра улогата на нов робот - убиец.

Во овој филм повторно се враќа Џејмс Камерон, кој ќе биде продуцент , ќе го режира Тим Милер. Иако ова е шесто продолжение на Терминатор , дејствието ќе биде продолжение на вториот дел.

Премиерата на филмот е најавена за ноември годинава.

Рено Аркана - автомобил само за Русите (ВИДЕО)

Рено произведе нов модел на автомобил исклучиво за рускиот пазар , кој се вика Аркана.

Станува збор за СУВ , што ќе треба на рускиот пазар да им конкурира на BMW X4 или на Mercedes GLC Coupe .

За овој автомобил Русите ќе треба да платат најмналку 19 800 евра , доколку е само со преден погон , односно 20 900 евра за возило со погон на сите четири тркала.

Моделот има најнова безбедносна опрема и систем на асистенција . Го движи 1.3 TCE мотор со 150 Кс и CVT X-Tronic  менувач.

притисни ентер