На „Траекторија" се презентираат дописи за изборот на „Синохидро" за изградба на автопатите

На обвинетите на рочиштето им беше дозволено користење на лап-топ за полесно да го следат изведувањето на доказите.

 Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судското рочиште за предметот на СЈО „Траекторија" со изведување докази, меѓу кои дописи, меморандуми, понуди… во врска со постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова презентираше дописи меѓу Амбасадата на НР Кина и Министерството за транспорт и врски во врска со препорака за кинеската компанија „Синохидро" за изградба на автопатот Миладиновци – Штип, како и потпишани меморандуми за разбирање меѓу Министерството за транспорт и врски и компанијата „Синохидро".

На обвинетите на рочиштето им беше дозволено користење на лап-топ за полесно да го следат изведувањето на доказите.

Во „Траекторија" обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, кому му се суди во отсуство, бидејќи е во бегство, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според СЈО му нанеле штета на државниот Буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата-иведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист. 

ДЗС:Раст од 345 проценти на договорената работа на градежниците во странство

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првата половина од годинава изнесува 3.993.844.000 денари.

Тоа е за 345,1  процент повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари-јуни годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 76.725.000  денари, што е за 88,5  проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.

Во првата половина од годинава е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во  Германија, Црна Гора и Бугарија.

Во Полска трае потрагата по спелеолози, заглавени во пештера (ВИДЕО)

Полските спасувачи стравуваат за животите на двајца спелеолози , кои се заробени во пшештера во полските Татри , откако вода го преплави тунелот и им го препречи излезот.

„Условите во пештерата се тешки. Температурата е околу 4 целзиусови степени. Се плашиме за животот на заробените спелеолози“, рече Јан Кристоф, шеф на ТОПР, полската Служба за спасување во планина.

„Клучното прашање е: дали преживеале? Сè уште не знаеме каде се наоѓаат, а областа што сакаме да ја пребараме е долга околу 30 метри“.

„Чувствуваме дека тие се близу до спасувачите, можеби на 10 метри, но друго прашање е колку време е потребно за да стигнат до нив“, рече Кристоф.

,,Само за да стигнеме до местото каде се заробени, потребни се околу осум часа, па дури и повеќе за да се подготви патеката за евакуација."

Најголемата закана за спелеолозите е хипотермијата. Според четворицата спелеолози кои успеале да излезат од пештерата, двајцата колеги имаат астро фолии , што може да им помогнат да ја задржат телесната топлина.

Спелеолозите се заробени во пештерата Виелка Снијежна уште од саботата.

Џонсон ги повикува Меркел и Макрон на нов договор за Брегзит

Британскиот рпемиер Борис Џонсон ги повика денеска Франција и Германија да ги сменат ставовите за Брегзит и да се согласат на преговори за нов договор за заминување на Британија од ЕУ.

Во спротивно , Џонсон најави дека е подготвен Британија да излезе од ЕУ без договор.

„Ќе бидеме подготвени да излеземе на 31 октомври - со или без договор“, рече Џонсон на прес конференцијата  новинарите во Трур, во југо-западниот дел на Англија.

„Нашите пријатели и партнери од другата страна на каналот не се колебаат да се премислат. Во ред е, сигурен сум дека ќе го сторат тоа“, додаде тој.

„Се надевам дека разбираат дека треба да се согласат на компромис“, одговори британскиот премиер на прашањето за неговите претстојни средби со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон оваа недела.

Џонсон ќе се сретне со Меркел во среда во Берлин и со Макрон во четврток во Париз.

притисни ентер