Општина Охрид повеќе нема да субвенционира концерти организирани од приватни продукции во шпицот на туристичката сезона

Со таквата одлука прекинува практиката воведена од пред неколку години на приватни компании и продукции да им се даваат поволности при организирањето концерти во денови кога градот и онака е полн со туристи.

 Советот на Општина Охрид на вчерашната седница со 20 гласа го поддржа предлогот на в.д. градоначалникот Константин Георгиески од општинската каса да не се издвојуваат средства за кофинансирање и субвенционирање концерти и забавни содржини во шпицот на туристичката сезона, поточно во периодот од 15 јули до 15 август.

Со таквата одлука прекинува практиката воведена од пред неколку години на приватни компании и продукции да им се даваат поволности при организирањето концерти во денови кога градот и онака е полн со туристи, туку поддршка да се дава на манифестации што во иднина би придонеле за продолжување на сезоната во градот.

Само во 2018 година за организирање концерти и други забавни содржини од градската каса биле издовени околу седум милиони денари.

Приватна продукција што неколку години наназад заедно со Општина Охрид организираше концерти се уште не ги има подмирено сметките за користење на стадионот „Билјанини извори", за што против продукцијата е покрената пријава. Истата продукција од општинскиот „Црвен крст" беше обвинета дека ја избегнува законската обврска дел од средствата остварени од продажбата на билети за концертите да ги уплатат за хуманитарни цели односно на сметката на Црвениот крст. 

Почна акцијата „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка

Неколку стотици граѓани од различни возрасни групи учествуваа на денешната голема акција за собирање смет „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка.

Неколку стотици граѓани од различни возрасни групи, од ученици и спортисти, преку извидници и волонтери на Црвениот крст, наставници и професори, административни работници до планинари и пензионери учествуваа на денешната голема акција за собирање смет „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка.

Акцијата ја организира локалната самоуправа во соработка со граѓански организации и јавното претпријатие „Комуналец".

Градоначалникот Борјанчо Мицевски изрази задоволство од одѕивот на граѓаните и најави дека акцијата ќе се реализира слендите два месеца.

Се чистеше спортскиот терен, јавните површини, дворовите на колективни станбени згради и уредениот и неуреден дел од Домачки дол. Граѓаните ги чистеа и своите дворови и подруми, депонирајќи го непотребниот шут и опасниот електронски и електричен отпад. /МИА

Спречен обид за напад врз фински министер

Финската полиција соопшти дека нејзини припадници спречиле обид за напад на еден „опасен и агресивен маж”  врз министер во Владата на Финска за време на еден предизборен собир.

Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека полицијата не објавила за кој министер станува збор, а фотографот на локалната агенција „Лехтикува“ изјавил дека бил нападнат министерот за надворешни работи, Тимо Соини.

„На основа на првите информации, агресивен и опасен маж се обиде да му пријде на министерот на изборниот собир на локалниот маркет во Корса во Ванта“ – соопштила полицијата.

Полицијата го привела мажот и тој моментално е на распит за да ги објасни причините за нападот на министерот.

На фотографијата која ја објави агенцијата „Лехтикува“ може да се види маж во црна кошула, на која се наоѓа логото „Војници на Один“.

„Војниците на ДОин“ е организација позната по десничарските и антимиграциските ставови.

Портпаролот на Соини одбил да даде коментар, а ниту полицијата не навела дали напаѓачот бил наоружан.

  

Дујовски: Очекувам доследна кампања од кандидатите за претседател

​Остана уште една недела пред почетокот на кампањата за претседателските избори.

На оваа тема во вестите на Канал 5 Михајло Видимилски разговараше со професорот Никола Дујовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

притисни ентер