Фото: Ерос Рамацоти заљубен во својата убава сопруга Мариса

Светската музичка ѕвезда, 56 годишниот Италијанец Ерос Рамацоти по подолг период е „фатен“ на семејна прошетка со својата убава сопруга манекенката Мариса Пелегрини.

Популарниот пејач за време на прошетката цеело време разменувал нежности со својата 26 години помлада сопруга.

Кога фотките од заљубената двојка се појавиле во јавноста многумина коментирале дека мариса изгледа преубаво дури и во опуштена кежуал комбинација без шминка на себе.

Рено Аркана - автомобил само за Русите (ВИДЕО)

Рено произведе нов модел на автомобил исклучиво за рускиот пазар , кој се вика Аркана.

Станува збор за СУВ , што ќе треба на рускиот пазар да им конкурира на BMW X4 или на Mercedes GLC Coupe .

За овој автомобил Русите ќе треба да платат најмналку 19 800 евра , доколку е само со преден погон , односно 20 900 евра за возило со погон на сите четири тркала.

Моделот има најнова безбедносна опрема и систем на асистенција . Го движи 1.3 TCE мотор со 150 Кс и CVT X-Tronic  менувач.

Зошто Амстердам веќе не ги сака туристите?

Амстердам , познат по толерантната култура , радикално ги менува ставовите кон милионите туристи кои годишно го посетуваат овој холандски град на каналите.

Амстердам им порачува на туристите да го избегнуваат и да одат на друго место. Иако туризмот и посетите на Амстердам годишно и носат на холандската економија дури 82 милијарди евра , сепак не сакаат нивниот град да се претвори во Венеција. Жителите на Амстердам се плашат дека преголемиот број туристи би можел да ја уништи душата на градот.

,, Ние сме под голем притисок. Не сакаме да се претвориме во Венеција. Туристите премногу го сакаат напшиот град и го посетуваат во преголем број. “ , вели архитектката Елен ван Лоон.

Поради евтините авионски летови , се очекува бројот на туристи и натаму да расте , што ги загрижува жителите на овој град и затоа рекоа дека е доста. Но , според туристичките експерти , бројот на гости и натаму ќе расте.

Ако во 2018 Амстердам имал 18 милиони гости , во 2030 тој број ќе достигне до 42 милиони. Поради ваквата опасност холандските власти решија да престанат да го рекламираат Амстердам , а воведоа и ограничувања на местата за забави и на капацитетите за сместувања.

Најголемиот холивудски предатор на силуваните жени им нуди 44 милиони долари

Продуцентот Харви Вајнштајн и неговото продуцентско студио постигнаа договор со жените , кои му поднесоа тужби за сексуално злоставување.

Адвокатите на најголемниот холивудски предатор велат дека постигнале договор со жените да им исплатат вкупно 44 милиони долари за тие да ги повлечат граѓанските тужби и барањата за обесштетување.

 Меѓутоа, Вајнштајн упорно негира дека сексуално нападнал над 75 жени и тврди дека сите доброволно се согласиле на полов однос со него. Жртвите на познатиот холивудски продуцент во најголем број се млади актерки и други жени вработени во филмскиот бизнис , кои добивале работа доколку дозволат Вајнштајн сексуално да ги злоупотреби .

Пријавите се однесуваат на неколку декади наназад. Поради скандалот , Вајнштајн доби отказ од својата истоимена продуцентска компанија и е исфрлен од американската Академија за филмска уметност.  

притисни ентер